Трајанов за Алфа: Нема потреба од работна група, законот за една изборна единица го блокираат СДСМ и ДУИ и вазалството кон Али Ахмети

30.4.2023

Трајанов за Алфа: Нема потреба од работна група, законот за една изборна единица го блокираат СДСМ и ДУИ и вазалството кон Али Ахмети

Воопшто нема потреба од формирање работна група. Ако навистина постоела волја кај власта да се изгласаат реформите во изборниот законик, тоа ќе го стореле веднаш во Собранието, вели за Алфа првиот човек на Демократскиот Сојуз, кој до пред два месеци беше коалиционен партнер на Димитар Ковачевски.

Работната група која доцни со формирањето, оти нема ни една година до изборите- кога и да се случат, допрва ќе разговара за промени во законот. Според Трајанов ова е веќе видено сценарио, беше најавено и од претходниот министер за правда Тупанчевски, но не почна да работи.

Во меѓувреме, законот за една изборна единица веќе две години е во Собранието, оние кои го блокираат се СДСМ и ДУИ, смета Трајанов. Вазалскиот однос на социјалдемократите кон партијата на Ахмети е причината поради која овој закон, се уште е заглавен со собраниските лавиринти.

-СДСМ и ДУИ го блокираа овој закон за една изборна единица, кај нив е клучот дали сега тие ќе се предомислат, бидејќи нема потреба од работна група ако има таква определба, тогаш само треба да помине на собраниска седница. Вазалскиот однос кон ДУИ на партиите од власта тоа го спречуваат, тука е целиот проблем, изјави Трајанов. 

Според познавачите, на власта предоцна и текнало да работи на промени во изборниот законик, тие веќе требало да се носат, а не дури сега да почнат разговари, со цел исполнување на препораките на ОБСЕ/ОДИХР. Поранешниот член на ДИК, Енвер Салихи смета дека голем проблем за било какви промени може да биде токму трката со времето. Сега вели тој, се можни само козметички, а не конкретни промени.

-Сметам дека една изборна единица нема да може да биде затоа што помалите политики партии си бараат да биде една изборна единица без изборен праг, а сметам дека изборниот праг треба да биде најмалку три проценти или ако биде три проценти помалите полтички партии нема да прифатат. Овие измени треба да се направат најдоцна една година пред одржување на изборите, изјави Салихи. 

Дека времето може да биде проблем свесен е и првиот човек на работната група, Александар Новаковски. Изразува надеж дека сепак ќе успееле, но признава и дека може да ја загубат трката со времето.

-Мислам дека прашањата треба да се отвораат, а да не се искомплицира треба со некои на пример барања кои не можеме да ги оствариме во тој рок. Бидејќи избориоте се 2024-та, значи треба да се направи напор во текот на оваа година веќе тие измени да бидат завршени. Може да се застане на одредени прашања, каде што може да биде вмешана политиката, е тука не можам да јас да гарантирам дали ќе оди брзо или споро, изјави Новаковски.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во оваа работна група, но отворени се веднаш да поддржат менување на изборниот модел и една изборна единица.

Од СДСМ не кажуваат прецизно дали се за или против една изборна единица, наведуваат дека имале принципиелни ставови и учествувале во работата активно и ги поддржуваат неопходните измени согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР.

Една изборна единица е веќе со години барање и на сите помали политички партии, а е во програмите и на помалите коалициони партнери на СДСМ, кои така би ги зголемиле своите шанси да добијат повеќе народни избраници.

Непознат е ставот и на албанскиот политички блок, кои најмногу би загубиле при евентуална една изборна единица, особено во шестката од каде доаѓаат најголем број на пратеници од ДУИ, Алијанса за Албанците и другите партии.

Извор



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners