ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: СО НАЦИОНАЛИЗАМ ДА НЕ СЕ ПОКРИВА КРИМИНАЛОТ

26.02.2023 

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: СО НАЦИОНАЛИЗАМ ДА НЕ СЕ ПОКРИВА КРИМИНАЛОТ

Демократскиот сојуз најостро ги осудува изјавите на водствата на Алијанса, Алтернатива и ДУИ, за дестабилизација на Македонија, формирање на заедница на општини со доминантно албанско население, децентрализација (читај федерализација) итн. по примерот на Заедницата на општини на Србите во Косово.

Оваа националистичка реторика претставува сериозна закана за меѓуетничките односи, прикривање на криминалот и директно ги загрозува евроинтеграциските перспективи на Македонија. Дестабилизацијата на Македонија ќе значи и дестабилизација на Балканот што е главна стратегија и цел на Русија, како и на националистите во Бугарија.

Компарацијата со Косово е апсолутно неточна и нема никакви сличности.

Во 1999 година НАТО интервенцијата беше двонасочна, да се сруши режимот на Милошевиќ и на Косово да се формира нова држава, во рамките на автономната покраина Косово и Метохија, која беше дел од Србија. 

Македонија беше главен логистички центар на НАТО, но тоа не им сметаше на УЧК, во 2001 година да отворат војна во Македонија со територијални барања, а покасно, под притисок на САД, да ги трансформираат во барања за човекови права.

Тој конфликт ја врати Македонија дваесет години назад и затоа закаснивме и со членство во НАТО и ЕУ.

Демократскиот сојуз апелира на трезвеност и одговорност, почитување на различностите и јакнење на демократските институции, борба против корупцијата, како и внатрешна кохезија и стабилност.

Македонија е унитарна држава во која сите етнички заедници ги уживаат сите права и слободи и така ќе остане.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners