Новогодишно „украсување“ на Мантово ги вознемири жителите

30.12.2021

Новогодишно „украсување“ на Мантово ги вознемири жителите

 

 

Додека вниманието на јавноста е свртено кон аерозагадувањето во кое се гуши Скопје, од југоистокот на земјата стигнува аларм - погледнете што се случува со водите и крајбрежјето на езерото Мантово. На социјалните мрежи беа објавени фотографии кои покажуваат густи наслаги од зелена и тиркизна боја во езерото, со нив  е „украсен“ и брегот, но и школките што ги исфрлило езерото. 

„Ова е ефект од прашината на рудникот Боров Дол што лета насекаде и дел оди во езерото Мантово каде во допир со вода се добива оваа специфична боја на хемикалија што го труе езерото и живиот свет во него!“, реагираа активистите од „Здрава котлина“.

Ова вештачко езеро, изградено на реката Крива Лакавица, со цел да го наводнува Радовишко поле, да обезбедува вода за потребите на тамошниот рудник и да обезбеди водоснабдување на Општина Конче, во изминатите години стана епиценатар на забрзан туристички развој. Температура на водата од 24ºC во летниот период е погодна за капење и водени спортови, а богатството од разни видови риби го направи езерото привлечно за спортските риболовци. Карпите во близина на ридот Габровска Чука станаа предзивик за алпинистите, а убавата природа и шумите во подножјето на планината Серта придонесе таму да никнат 50 викенд куќи. 

„Оваа убавина, со перспектива да се развие во туристички центар, деновиве се соочува со загадување“, реагираат рибари и жители од околните места. 

„Вознемирени сме од тоа што се случува со езерото. Алармирани се државните институции, но недостигаат точни информации - има ли загадување и кој е загадувачот. Потребен е детален надзор на работата на рудникот за бакар, од аспект на придржување кон еколошките стандарди за заштита на езерото и шумското подрачје. Ако се докаже дека причината за загадување е бакарната руда, потребни се итни мерки, иаку штетите веќе се големи“, вели за ДВ локален жител.

Направен увид, се чека одговор

Завчера, таму бил извршен теренски увид од Државниот инспекторат за животна средина, на кој присуствувале и градоначалникот на Конче, претставник од „Боров дол“ и од АД Водостапанство. Биле земени примероци од водата и почвата, со најава дека увидот ќе продолжи и следниот ден. Вонредниот инспекциски надзор констатирал појава на зелена боја на површината од водата со видливи зелени честици и сино обојување на некои места, но досега не е утврдено од што е настанато тоа, ниту се знае со каков квалитет е водата. За резултати од анализите ќе биле потребни 3 до 4 работни денови. Градоначалникот на Општина Конче, Златко Ристов, за локални медиуми изјавил дека кај браната биле забележани некои специфични бои во водата, но оти стручни лица сметале дека тоа не било заради зголемено присуство на бакар, туку нешто друго.

Наводните првични перцепции дека можеби станува збор за алги, кај локалното население создава сомнеж дека се бара начин да се замаскираат вистинските причини. Од рудникот, пак, тврдат дека работат во согласност со сите стандарди. 

„Рудникот за бакар Боров Дол“ работи во согласност со утврдените норми и стандарди од системот за заштита на животната средина според А-Интегрирана еколошка дозвола, во која што се вклучени условите за работа, задолженијата, мерките и активностите кои што треба да земат предвид за заштита на животната средина. Воедно, редовно ги следи влијанијата врз животната средина и извештаите ги доставува до надлежните институции“, се вели во соопштението од „Боров Дол“ . 

Друштвото за производство, трговија и услуги увоз-извоз Боров дол ДООЕЛ Радовиш, во јуни 2016 година доби концесија за експлоатација на бакар на локалитетот „Боров Дол“, на подрачје на општините Конче и Штип, во траење од 30 години. Рудникот се најде во фокусот на јавноста и во октомври годинава, кога еколошки активисти алармираа дека каллива вода истекува од новоотворениот коп и го загадува земјиштето и површинските води, што резултираше со вонреден инспекциски надзор и прекршочна санкција.

Индивидуална процена на контаминиција?

Граѓаните сега бараат брз и објективен одговор - дали има загадување на водите и почвата и кој го прави тоа. Многу прашања на таа тема во изминатиот период останаа неодговорени. Причините се повеќеслојни. Во Извештајот за состојбата со животна средина со индикаторски пристап од 2020 година, објавен од Министерството за животна средина и просторно планирање, се вели дека во однос на економските активности кои придонесуваат за контаминација на почвата изразено во проценти, најголем е уделот на рударството и металургијата со 31,25%, потоа следи органско-хемиската индустрија и производството на енергија со 12,5%, како и рафинирањето на нафта и индустријата за производство на кожа со 6,25%.

Терминот „контаминиран локалитет“ се однесува на одредена површина каде што е потврдено присуството на контаминација на почвата, а сериозноста на можните влијанија на екосистемите и здравјето на луѓето е таква - што е неопходна санација на истиот. Управувањето на контаминираните локалитети започнува со истражување. 

„Во Република Северна Македонија е извршена идентификација и прелиминарни истражувања кај 16 локалитети каде е утврдена контаминација на почвата и се означени како жешки точки. Главни истражувања се спроведени кај осум локалитети. Имплементација на санациони мерки се спроведени кај три локалитети додека комплетирањето на мерките не е направено ниту на еден локалитет“, се вели во Извешатајот.

Во него не е наведено кои се тие места, а пишува и дека е тешко е да се определи точниот број на локалитети каде е констатирана контаминација на почвата.

„Иако постои дефиниција за контаминирано место, односно локалитет, поради отсуство на гранични вредности за концентрацијата на одредени токсични хемикалии во почвата, тешко е да се определи точниот број на локалитети каде е констатирана контаминација на почвата. Проценката за контаминираниот локалитет во голема мерка зависи од индивидуалната процена на експертот. Сите локалитети каде се одвива одредена индустриска/економска активност не се земени предвид како места со одредена контаминација, иако создаваат токсични хемиски супстанции“, се вели во Извештајот.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners