Демократски сојуз: Ковачевски да го повлече законот за амнестија

29.9.2023

Демократски сојуз: Ковачевски да го повлече законот за амнестија

Демократскиот сојуз бара од премиерот Димитар Ковачевски да го повлече новиот Предлог-закон за амнестија, бидејќи овој закон е политички пазар помеѓу коалиционите партнери СДСМ, ДУИ и Алијанса на Албанците и продолжение на неодамнешните измени на Кривичниот законик со кои брутално е нападнат правниот поредок.

Господине Ковачевски, немојте да се мачите да пишувате амандмани на закон кој го предлага Владата со која Вие раководите. Амандмани ќе има илјадници и бидете сигурни дека законот нема да помине!

Инаку, знаете ли на што личите сега со најавата за амандмани? На јавноста ѝ  испраќате порака: „ИМАМ СВОЕ МИСЛЕЊЕ, НО НЕ СЕ СОГЛАСУВАМ СО ИСТОТО“. 

Демократскиот сојуз нагласува дека Владата го урниса системот на владеење на правото и ги загрози евроинтеграциите на Македонија.

Воедно ја повикуваме Европската унија да изгради јасен став во врска со измените на Кривичниот законик со кои се намалуваат казните за функционерите, како и за најновиот предлог закон за амнестија со кој ќе се амнестираат лица сторители на тешки кривични дела.

Повеќе од јасно е дека сето ова, како и најавите за дополнителни амнестии се прави наводно за да се изгласаат уставните измени со кои се предлага Бугарите да бидат вградени во Уставот, а суштината е неказнивост на функционерите  и да се остане ден повеќе на власт.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners