Демократски сојуз: Темелна реформа на судскиот систем

21.6.2023 

Демократски сојуз: Темелна реформа на судскиот систем

Демократскиот сојуз подолго време инсистира на темелни реформи на судскиот систем, меѓутоа СДСМ и ДУИ ги кочат истите. Главна цел на овие партии им е преку целосна партизација да имаат целосна контрола над Судскиот совет и судиите во целина.

Во функција на итни реформи предлагаме: Прво, да се направи ревизија над работата на секој судија и на членовите на Судскиот совет: професионалниот однос спрема работата, коруптивноста, поврзаноста со политичките партии, имотната состојба и други елементи клучни за извршување на функцијата.

Второ, Собранието по сеопфатна расправа да донесе заклучоци членовите на Судскиот совет да поднесат оставка, во спротивно да донесе законски измени со кои на сите членови на Судскиот совет ќе им престане мандатот и спроведе постапка за избор на нови членови врз основа на цврсти критериуми  и транспарентна постапка. Трето, да се направат измени на Уставот со кој ќе се брише амандманот за судијата да не одговара кривично за донесена одлука.

Четврто, да се донесе Предлог -Законот за преиспитување на факти и докази користени во судска постапка, со што ќе се создадат законски услови за обнова на монтираните политички - судски процеси. Преку повторување на постапката ќе се види улогата на секој судија, обвинител, припадник на МВР и моќниците од политичкиот врв. Тоа ќе биде сериозна основа за поширока кадровска обнова. Корумпирани судии и обвинители, како и без интегритет, подложни на влијанија од партиите или други центри на моќ треба да понесат одговорност. 

Инаку, предлог-законот за преиспитување на факти и докази веќе три години го блокираат СДСМ и ДУИ во Собранието.

Демократскиот соуз предлага Министерството за правда, во најкус рок, да подготви законски решенија за реформи во правосудниот систем во целина.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners