ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ВЛАДАТА ДА НЕ ГО ЗГОЛЕМУВА ВЕШТАЧКИ ПРОЦЕНТОТ НА АЛБАНЦИТЕ ВО ДРЖАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА, ТУКУ ДА ГО УКИНЕ БАЛАНСЕРОТ

17.09.2022

 

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ВЛАДАТА ДА НЕ ГО ЗГОЛЕМУВА ВЕШТАЧКИ ПРОЦЕНТОТ НА АЛБАНЦИТЕ ВО ДРЖАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА, ТУКУ ДА ГО УКИНЕ БАЛАНСЕРОТ

 

 

 

Демократскиот сојуз ја повикува Владата да го отфрли предлогот за менување на балансерот за вработување на нерезидентното население во јавната администрација според резултатите од пописот и зголемување на процентот на Албанците на 29,5 отсто.

Ова решение значи дека секој трет вработен во државната администрација во иднина треба да биде Албанец, што не одговара на процентот на Албанците кои живеат во Македонија (24,3 отсто) и битно ќе ја наруши етничката слика во државната администрација на штета на другите заедници.

Изјавата на министерот за надворешни работи Бујар Османи според која иселениците со своите девизни дознаки придонесуваат за финансиската стабилност на државата не е никаков аргумент што треба да се прифати за менување на балансерот. Иселениците Албанци, но и Македонците и припадниците на другите етнички заедници кои живеат подолго од една година во странство, таму плаќаат даноци, таму работат и не можат во исто време да работат во две држави, без оглед што ги помагаат финансиски своите семејства.

Демократскиот сојуз потсетува дека пребројувањето на иселениците во странство на последниот попис како дел од вкупното население на Македонија, не само што не ги почитуваше европските и светските статистички стандарди, според кои се пребројува само резидентно население, туку и не ја прикажа вистинската слика на бројот на иселеници Македонци, кои поради повикот на некои политички партии го бојкотираа пописот.

Токму затоа менувањето на процентот на Албанците на 29,5 отсто во балансерот е вештачко зголемување.

Наместо менување на процентот на Албанците во балансерот за вработување во државната администрација, Демократскиот сојуз ја повикува Владата да го укине овој инструмент кој досега се покажа манипулативен и неправеден.

Етничкиот балансер ги дискриминира способните и квалификуваните кандидати за работа во државната администрација за сметка на нивната етничка припадност. На јавноста и се познати десетици примери на изигрување на балансерот, односно изјаснување на Македонците како Албанци, Турци, Власи, Срби и различни други комбинации, само заради вработување во државната администрација. Мерит системот и квалитетот на кандидатите, а не нивната етничка или партиска припадност, треба да биде единствениот критериум за вработување во јавниот сектор.

Демократскиот сојуз истовремено ја повикува Владата да почне сериозна реформа на државната администрација и намалување од 30 отсто на бројот на прекумерно вработените по партиска или етничка линија.




Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners