02.02.2022
Демократски сојуз: Минимална плата од 300 евра
Демократскиот сојуз смета дека минималната плата треба да се зголеми на 18.000 денари, при што ги охрабрува работодавците да се усогласат со синдикатот.
Во услови на инфлација и зголемување на цените на прехрамбените производи, електричната енергија, гасот, услугите и сл., неопходно е да се води сметка за работниците со ниски плати, како и пензионерите.
Воедно треба да се поддржат компаниите кои објективно не се во можност да остварат приходи за зголемување на минималната плата.
Инаку, Демократскиот сојуз уште во јануари 2016 година, предлагаше зголемување на минималната плата (да изнесува 300 евра), но тогаш Парламентот, предложените законски решенија не ги прифати.
Очекуваме трипартитните преговори денес да завршат успешно, со што ќе се обезбеди минимална плата која ќе влијае и за зголемување на платите во целина, како и зголемување на пензиите согласно растот на цените и платите.