Трајанов: Многу значајно беше што успеавме да издејствуваме „дислокација“ на ЈНА од Македонија и да воспоставивме соработка пред се со САД

08.09.2021

Трајанов: Многу значајно беше што успеавме да издејствуваме „дислокација“ на ЈНА од Македонија и да воспоставивме соработка пред се со САД

Главниот товар на осамостојувањето на Македонија го понесоа припадниците на МВР. после распадот на Сојузот на комунистите на Југославија, се поизвесно беше дека следува распад и на СФР Југославија. Пред Македонците се отвори историска шанса Македонија да стане самостојна, независна држава. Плурализмот ги раздвижи сите процеси, при што ВМРО-ДПМНЕ гласно ја промовираше идејата за отцепување од Југославија и градење самостојна држава на Македонците, но и на сите други националности.

Имаше и партии, но и личности од државно-политичкиот врв кои беа за опстанок на Југославија, за формирање скратена југословенска федерација (Србија, БиХ, Црна Гора и Македонија). После првите парламентарни избори во 1990 година и изборот на Владата, на почетокот од 1991 година, во МВР се случија кадровски промени со нов министер (Јордан Мијалков), двајца потсекретари (Павле Трајанов, потсекратар на СЈБ и Слободан Богоески, потсекретар на СДБ), како и помошници на министерот, началници на сектори итн. Во тоа време, единствена вооружена сила беше полицијата и оперативните служби на јавната и државната безбедност.

Во такви околности, раководството на МВР имаше исклучително сложена и тешка задача, да го води процесот на осамостојување на Македонија, врз основа на цврстата решеност на Македонците за самостојна држава. Тој процес го водевме без било какви формални одлуки на Владата или Собранието. Но имавме силна поддршка од ВМРО-ДПМНЕ, од Љубчо Георгиевски и Борис Змејковски. Овде сакам да ја нагласам и улогата на Петар Гошев, како и на Васил Тупурковски, кои делуваа во иста насока.

Само неколку работи да нагласам кои имаа силно влијание врз градењето на определбата за искористување на историската шанса, да се остварат вековните стремежи на нашите револуционери, илинденци и партизани, и да се формира македонска држава.

Направивме целосна мобилизација на сите припадници на МВР, вклучително и делови на резервниот состав, набавивме оружје (меѓу другото и минофрлачи со висок калибар), ја обезбедивме државната граница, од ЈНА одзедовме поголеми количини опрема и оружје, ја одзедовме воената евиденција за резервниот состав на ЈНА, со што ја блокиравме неговата мобилизација, воспоставивме соработка со голем број офицери – Македонци од ЈНА, разработивме планови за спречување воен удар во Македонија…

Многу значајно беше што успеавме да издејствуваме „дислокација“ на ЈНА од Македонија и да воспоставивме соработка со други држави (пред се со САД), за процесот на осамостојување да биде ефектен.

Сите тие процеси позитивно се одразија и на референдумот за независност одржан на 8 септември 1991 година, кога граѓаните плебисцитарно се изјаснија за самостојна и независна Македонија. Многумина од тогашната Влада како и високи партиски функиционери беа против независна Македонија, но подоцна не се срамеа да се удираат во гради и да се сликаат како првоборци, а голем дел од луѓето кои беа мозокот на таа „операција“ останаа во сенка.

Извор:Нова ТВ



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners