Демократски сојуз


повеќе...повеќе...повеќе...повеќе...повеќе...повеќе...повеќе...
повеќе...повеќе...повеќе...повеќе...повеќе...повеќе...повеќе...повеќе...повеќе...повеќе...повеќе...повеќе...повеќе...повеќе...повеќе...повеќе...повеќе...повеќе...повеќе...повеќе...повеќе...повеќе...повеќе...повеќе...повеќе...повеќе...повеќе...повеќе...повеќе...повеќе...повеќе...повеќе...повеќе...повеќе...повеќе...повеќе...повеќе...повеќе...повеќе...повеќе...повеќе...повеќе...повеќе...
1...345...17                  


25.03.2021

Демократски сојуз:Самостоен настап на локални избори со непартиски кандидати за градоначалници

Откако почнаа да делуваат самостојно во Собранието, дел од коалициските партнери на СДСМ најавуваат самостоен настап и на претстојните локални избори.

повеќе...

28.03.2021

Демократски сојуз: Амандманската расправа да трае најмногу 10 дена 

Демократскиот сојуз ја иницира потребата да се измени Деловникот за работа на Собранието на РС Македонија, со кој ќе оневозможи блокада на носењето на закони. 

повеќе...

29.03.2021

Демократски сојуз: Граѓаните бараат договор и резултати

Демократскиот сојуз го поздравува постигнатиот договор помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за одлагање на пописот од здравствени причини, за одблокирање на парламентот, како и за постигнување договор за изборното законодавство.

повеќе...

29.03.2021

Демократски сојуз: Граѓаните да можат слободно да патуваат во странство

Демократскиот сојуз најостро ја осудува изјавата на министерот за економија, Крешник Бектеши, според кого, нема да се разговара со Грција...

повеќе...

08.04.2021

Трајанов за DW: Пасошката афера ќе предизвика тектонски потреси

Подолго време иницирам да поминат низ „сито“ вработените во МВР и во други безбедносни служби - без кадровско прочистување ќе се загрозува националната безбедност.

Повеќе од извесно е дека аферата со издавање фалсификувани пасоши ќе има тектонски раздвижувања од пошироки размери и во нејзиното расчистување ќе се вклучат и најразвиените и моќни разузнавачки служби, смета поранешниот министер за внатрешни работи и лидер на владејачкиот Демократски Сојуз, Павле Трајанов.

„Издавањето на пасоши на нарко босови и лица опасни по безбедноста на други држави, ќе се одрази на меѓународниот углед на Македонија, на третманот во НАТО, како и на евроинтеграциските процеси. Подолго време иницирам да поминат низ ‘сито’ сите вработени во МВР и во другите безбедносни служби. Во АНБ тој процес е при крај. Без кадровско прочистување и натаму ќе се загрозува националната безбедност, особено ако во витални сектори во безбедносните служби работат лица без целосни безбедносни проверки согласно со стандардите на НАТО", потенцира Трајанов.

Дали е ова само врв на ледениот брег?

Во февруари годинава МВР до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против 36 лица, од кои осум вработени во МВР, бидејќи фалсификувале возачки дозволи за потребите на лица кои немаат положено возачки испит. Фактот дека овој случај воопшто не го вклучил алармот кај нивни колеги кои работеле на друга „проблематика“ - фалсификување патни исправи, говори дека тие се чувствувале сосема комотни да продолжат со незаконските активности.

Од каде чувството дека некој ништо не им може?

„Партиите треба да се откажат од патерналитетот над кадрите кои со списоци ги вработувале, и да не го условуваат опстанокот на Владата и министрите со амнестија на нивните криминални кадри“, вели Трајанов.

Покрај безбедносниот аспект, ова нѐ враќа и на вечната тема „реформа на јавната администрација“, која никако да започне, но и на фактот дека позитивната дискриминација при вработувањето редовно замижува пред мерит-системот, во интерес на етничките квоти предвидени според принципот на соодветна застапеност.

Ќе има импликации

Досега за акцијата нема никаков одглас од Амбасадата на САД во Скопје, чија регионална канцеларија за безбедност и истраги беше спомната од министерот Оливер Спасовски, во функција на „поддршка на истрагата“ за случајот „Двојник“.

Безбедносни експерти со кои разговараше ДВ, велат дека комплетните импликации од овој случај ќе бидат познати кога ќе се знае профилот на сите лица што добиле пасоши со туѓ идентитет.

Повеќе на темата:

Лажен идентитет за 20 илјади евра – како функционирала групата која „штанцала“ пасоши

Пасоши за мафијаши: Осомничените купувале скапи возила и недвижности

МВР со детали: Како се издавале македонски пасоши со лажен идентитет

„Во јавноста засега се вртат четири имиња од 215 случаи. Воопшто не го знаеме профилот на другите лица кои добиле патни исправи. На пример, не знаеме дали добивале пасоши и повратници од боиштата на Блискиот Исток. Импликации секако ќе има, но нивната, и поединечна и вкупна закана за безбедноста, може да се одреди кога ќе ги знаеме сите податоци“, вели нашиот соговорник.   

На домашен терен веќе е испорачана една политичка „фактура".

„Со колку сведоци добиле државјанство овие 214 криминалци? Како може да поминат низ филтрите на МВР без да бидат прогласени опасни по државата? Дали тие се опасност за државата или опасност се стари лица над 80 години, за кои бараме да добијат државјанство“, прашаа од Алијанса за Албанците.

Со ова од партијата алудираа на предлозите за докажување државјанство со сведоци содржани во нивниот предлог-закон кој Владата не го прифати, па сега е неизвесно дали во претстојните разговори со премиерот Заев ќе го користат скандалот со фалсификуваните пасоши за да ја засилат нивната аргументација во одбрана на партискиот предлог-законот за државјанство.

Комплетен ремонт

Во меѓувреме, рефлекторите остануваат свртени кон МВР, не само поради актуелниот случај, туку и поради многу незавршени домашни задачи.

„Пасошите со позајмен идентитет само потврдуваат дека системските и непосредните контроли затаиле, дека во фалсификатот учествувале повеќе лица, дека имало постредници итн.

Зошто досега не се проверија и фантомските гласачи сo креирани единствени матични броеви, издадените државјанства и лични карти“, прашува Трајанов.

Партијата што тој ја предводи, Демократски сојуз, вчера предложи да се изврши целосен кадровски ремонт: безбедносни проверки за сите вработени во МВР и другите безбедносни сектори, тест за интегритет, здравствената способност, проверка на имотната состојба и досегашната работа и резултатите од работата. ДС смета дека треба да им се забрани членување во политичка партија на припадници на службите за безбедност, да се зајакне раководниот тим во МВР со врвни професионалци, да се имплементираат контролни механизми во работата на сите сектори. Партијата бара да се направи ревизија на издадените државјанства, на внесените единствени матични броеви, впишувањата во матичните книги на родените, издадените лични карти, возачки и сообраќајни дозволи, дозволи за поседување и носење оружје, како и за издадени обични, дипломатски и службени патни исправи.

Од ДС реагираат што повеќе од 20 години селекцијата за прием во безбедносните служби ја прават партиите и се доминантни при конечната одлука за вработување, без да се почитуваат цврстите критериуми и други параметри клучни за конечната оценка - дали некој може да биде дел од највиталните институции во државата. „Изостануваат контролни механизми во работата на овие сектори и служби, а присутно е и одлевање на класифицирани информации до криминалните групи, бизнисмени, а најмногу до политичките партии", реагираше ДС.

Партијата предложи за состојбите во МВР и во другите безбедносни служби да се отвори расправа и во Собранието.

Извор:DW


13.04.2021

Демократски сојуз: Павле Трајанов предлага формирање на Агенција за борба против тешките облици на криминал и висока корупција

На денешната расправа за Националната стратегија за борба против корупцијата, Павле Трајанов, пратеник и претседател на Демократскиот сојуз, меѓу другото нагласи:

повеќе...


15.04.2021

Демократски сојуз: Балкански рулет

Во контекст на нон-пејперот на словенечкиот премиер, Демократскиот сојуз смета дека идеите за прекројување на границите на Балканот се опасна игра со потенцијал да предизвика силни реакции...

повеќе...


16.04.2021

(ВИДЕО):Трајанов за Зоом МК:  Политичка и кривична одговорност за врвот на МВР што не го спречил издавањето на пасоши за нарко мафијата

Не треба да има само политичка, туку и кривична одгововорност за сите вклучени во аферата со издавање македонски пасоши на нарко босови од регионот и за оние што не ја вршеле работата како што треба.

повеќе...

27.04.2021

Започна постапката за Законот за преиспитување на факти и докази користени во судска постапка

Денес (27.04.2021), Комисијата за политички систем и односи помеѓу заедниците, расправаше за Предлог - Законот за преиспитување на факти и докази користени во судска постапка, поднесен од Павле Трајанов, при што го проследи во натамошна постапка.

Образложувајќи ја потребата од носење на законот, пратеникот Павле Трајанов, нагласи: Со овој закон се отвараат можности за фер судење, при што за монтираните судските предмети ќе се отвори главен претрес каде ќе се преиспитуваат користените факти и докази, но ќе има можност да се презентираат и нови докази.

Постапката ќе се повтори доколку  е повредено начелото на презумпција на невиност, злоупотрени се системите за прислушување, користен е заштитен (лажен) сведок, злоупотребен е системот за рспределба на судските предмети (АКМИС) или не е обезбедено еднаквост на "оружјето" (презентирање на докази).

Ова е исклучителна можност за корекција на неправдата, но и да се разобличи, улогата на политичките моќници, како и на полицијата, обвинителството и судот.

Не се бара амнестија, помилување или абулиција, туку правна можност за преиспитување на судските одлуки, но во случаи каде се исполнети некои од овие услови односно судската одлука е заснована на несодветна примена на законите, без релевантни факти докази, без можност да се соберат докази итн.

Комисијата заклучи да се организира и јавна расправа каде експертите ќе можат да ги презентират своите стручни ставови.

Инаку овој предлог закон е во Собраниска постапка доставен на 12 ноември 2020 година, при што во меѓувреме веќе е расправано со експерти, како и со претставници на Владата на РСМ и невладиниот сектор.

Предлагачот е подготвен да прифати амандмани за номотехничко подобрување на текстот, како и за друг вид на подобрување на законските решенија.



15.05.2021

(ВИДЕО) Павле Трајанов за Канал 77: Ние сме против дилот на Заев и Мицкоски за амнестија на криминалот за дивоградбите

Според Павле Трајанов, лидерот на Демократскиот сојуз законот за легализирање на дивоградбите очигледно е договор мегу двете најголеми партии произлезен од тет а тет средбата...

повеќе...

22.05.2021

Демократски сојуз:За канцерогеното масло и опасниот отпад предупредивме,но реакција немаше

Демократскиот сојуз на 2 февруари 2020 година одржа ТРИБИНА на која беше објавена аферата со увозот на канцерогено масло и опасен отпад...

повеќе...

25.05.2021

Трајанов за ТВ 24: Со законот не бараме амнестија, помилување, аболиција, бараме шанса за фер судење

Павле Трајанов во емисијата 24 Отворено истакна дека тој како подносител на Предлог-законот за преиспитување на факти и докази...

повеќе...


13.06.2021

Демократски сојуз: ЕУ, борбата против криминалот и департизацијата

За Демократскиот сојуз врвен национален и стратешки приоритет е полноправно членство во Европската унија,за што постои граѓански и политички консензус.

повеќе...

22.07.2021

Павле Трајанов: Да се спречи изборна конфузија, но и манипулација со пописни резултати

Нацрт-измените во Изборниот законик и преклопувањето на пописот со кампањата за локални избори носат многу опасности, предупредува лидерот на Демократскиот сојуз

Pavle Trajanov

На неполни три месеци пред локалните избори кои треба да се одржат на 17.10.2021, несериозно и неодговорно е да се предлагаат коренити промени на правилата за избор на советници, без јавна расправа, без вклучување на експертите, невладиниот сектор и медиумите, вели за ДВ лидерот на Демократскиот Сојуз, Павле Трајанов.

„Доколку се прифатат измените на Изборниот законик за отворени листи со цензус од 3% од запишаните гласачи како услов за котирање на горниот дел од листата, и примена на Донтовиот модел за утврдување на редоследот на советничката листа, тоа претставува предуслов за тотална изборна конфузија и нерегуларни избори. Натаму, се гласа за партија или коалиција, но и за еден од кандидатите за советници што е во ред, но гласачкото ливче е важечко и ако се гласа за повеќе кандидати. Како е можно тоа да се предложи? На кој советник ќе му припадне гласот?“, прашува Трајанов.

Декоративен плурализам

Во земјата продолжува долго критикуваната практика - пред секои избори да се предлагаат измени во Изборниот законик - иако експертите укажуваат дека тоа не треба да се прави барем шест месеци пред избори, а најдобро е да се реализира на почетокот на мандатот на собранискиот состав, со цел да се остави простор и можност и другите институции навреме да ги спроведат одредбите од измените. Но, временскиот цајтнот и дилемите околу посочените нејаснотии со предложените измени, не се единствените проблеми.

„Во драфт верзијата не е јасно како ќе се дели времето во медиумите доколку повеќе партии заедно настапуваат, како ќе се афирмираат кандидатите за советниците од различни партии а настапуваат во коалиција. Потоа, доколку некој од советниците се повлече, кој ќе влезе на негово место и од која партија? Накусо, лош проект, со прикриена намера да ги исфрлат помалите партии. Мој став е да не се влегува во оваа авантура, туку изборите да се организираат по постојниот закон, а промените да се одложат за 2025 година“, укажува Трајанов.

Тој потенцира дека решенијата треба да бидат многу појасни, применливи и сите партии и независни листи да имат еднакви стартни позиции.

Во изминатиот период се одржаа дискусии за Изборниот законик, а став на повеќе експерти беше дека наместо постојани измени (кои досега ги имало 36), подобро е да се донесе нов Изборен законик, но навреме, со стручна дебата, јавна расправа и најважно - со консензус на партиите. Според аналитичари, мора да се внимава дали предложените законски измени водат кон бипартиски „плурализам“ односно дуопол во етничките атари, бидејќи ако со измените се „збришат“ помалите партии (како што тие сега стравуваат), ќе биде збришан и голем дел од плуралистичкиот колорит. Поради такви околности помалите партии повторно ќе бидат принудени нивниот опстанок да го одржуваат во коалиција со поголемите, што повторно води кон декоративен, а не вистински плурализам.

Опасност од инструментализација на пописот

Но, дилемите сега не се насочени само кон измени во Изборниот законик, туку и кон датумот на одржувањето на локалните избори. Откако премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев изјави дека ќе бара согласност од останатите партии за локалните избори да се одржат на 31-ти октомври, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, синоќа предупреди дека така би се прекршил Уставот.

„Датумот на избори не е тема за која ние ќе зборуваме на зелен пазар. Тоа е тема што ја дефинира Уставот и треба да прекинеме со праксата да го кршиме Уставот. Како што е во него дефинирано, така ние треба да се однесуваме и тоа да го применуваме. Ако Уставот вели дека мандатот на градоначалниците и советите е четири години, тогаш после четири години ние треба да го имаме првиот круг за избор на градоначалници и советници. Ова не треба да биде тема за дневна политика. Го повикувам претседателот на Собранието, Талат Џафери, да ги распише изборите согласно Уставот“, рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

Можноста за поместување на датумот на локалните избори со цел да нема преклопување на пописот со изборната кампањата, отвора и други дилеми.

„Кампањата за попис, самиот попис и предвремено објавување на резултати (манипулативни) од пописот, можно е да бидат злоупотребени за локалните избори, да ги усложнат меѓуетичките односи и да го срушат изборниот процес, посебно ако се инсистира иселениците да бидат фактор на внатрешните состојби, како што заговарат албанските партии“, предупредува Трајанов.

За истото неофицијално говорат и други полититичари, па во политичките кулоари сѐ повеќе доминира ставот дека е подобро пописот да се одложи за одредено време, наместо да се поместува датумот за локалните избори.

 

Извор: DW



29.07.2021

Демократски сојуз:Брутален напад на демократијата со измените на изборните правила брутално се напаѓа демократијата, правото на здружување, правото на изразување и слобода на печатот

повеќе...

25.08.2021

Заменик министерот Зоран Димитровски на Конгресот градови пријатели на младите во Анкара 

Заменик министерот за локална самоуправа Зоран Димитровски на покана на Сојузот на општините на Турција и Министерството за млади и спорт на Република Турција.

повеќе...

08.09.2021

Демократски сојуз: Демократскиот сојуз на избори со СДСМ

Претседателството на Демократскиот сојуз, на седницата одржана на 7 септември, донесе Одлука на претстојните локални избори да настапи заедно со СДСМ.

повеќе...


08.09.2021

Демократски сојуз: 30 години независност на Македонија

Демократскиот сојуз на сите граѓани им го честита Денот на независноста на Македонија, ден кога граѓаните плебисцитарно се определија за самостојна и независна држава.

повеќе...


08.09.2021

Трајанов: Многу значајно беше што успеавме да издејствуваме „дислокација“ на ЈНА од Македонија и да воспоставивме соработка пред се со САД

Главниот товар на осамостојувањето на Македонија го понесоа припадниците на МВР. после распадот на Сојузот на комунистите на Југославија, се поизвесно беше дека следува распад и на СФР Југославија.

повеќе...


09.09.2021

Демократски сојуз: Сочувство за жртвите во Тетово

 

Демократскиот сојуз им изразува искрено сочувство на семејствата на загинатите во синоќешниот пожар во модуларната болница во Тетово.

 

повеќе...


22.09.2021

Трајанов за „бугарски фашистички окупатор“: Историските факти не можат да се ревидираат

Демократски сојуз има сосема кристални ставови околу релациите со Бугарија. Ние сме за платформа, имаме црвени линии и ниту една остапка не треба да правиме наспроти Бугарија, вели пратеникот и лидер на ДС, Павле Трајанов за како ја коментира одлуката за менувањето на терминот „бугарски фашистички окупатор“ во учебниците по историја.



повеќе...


11.10.2021

Демократски сојуз: Честит 11 Октомври

Демократскиот сојуз на сите граѓани им го честита 11 Октомври, Денот на востанието на македонскиот народ.

повеќе...


14.10.2021

 

Демократски сојуз: Гласаме за развој на општините

 

Демократскиот сојуз ги повикува граѓаните да излезат масовно на 17-ти октомври и да гласат за Македонија да се движи по патот на европските вредности

 


повеќе...


Последни Активности

30.12.2013

Зоран Димитровски, Нова Македонија: Трајанов ревносно ги бранеше правдата и вистината

Пратеникот Павле Трајанов годинава ревносно ја бранеше правдата во случаите на спектакуларните акции на апсења и долги притвори. Како поранешен министер за внатрешни работи тој постојано се спротивставува на акциите во кои МВР ја прекршува пресумцијата на невиност. Трајанов цврсто застана и во одбрана на вистината, кога станува збор за преговорите за името. 

прочитај повеќе...

31.01.2014

Членски книшки за 100 нови членови во Кисела Вода 

Во сабота, 01.02.2014 година, претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов ќе се обрати пред ново примените членови во партијата. Во изминатава година на Демократскиот Сојуз на Кисела Вода и пристапија над 100 нови членови, на кои во 12:00 часот во Салата на Советот на Општина Кисела Вода, ќе им бидат врачени членските книшки. 

прочитај повеќе...

17.02.2014

Уште еден нов штаб на ДС, овој пат во Сопиште

Вчера, 16.02.2014, пред околу 500 членови, симпатизери и граѓани на Сопиште, беше отворен штабот на Демократскиот сојуз. 

прочитај повеќе...

24.12.2013

Говор на Павле Трајанов во Собранието на РМ

Гасификација во функција на чист воздух

Пред десетина дена на Комисијата за европски прашања кога се расправаше за одредени законски решенија сврзани со заштита на животната средина од точењето на нафтени деривати, тогаш го иницирав овој проблем и министерот презентираше се што превзема Владата...

прочитај повеќе...

23.12.2013

ДС предлага бесплатен јавен превоз за намалување на згадувањето

За намалување на загадувањето, ДС предлага да се обезбеди бесплатен јавен превоз во градскиот сообраќај во Скопје и други градови, со што ќе се намали бројот на автомобили кои се користат за превоз.

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners