Димитровски во 24 анализа: Посетата на нашата делегација за време на на инаугурација на Трамп е многу важен чекор

22.1.2025

Димитровски во 24 анализа: Посетата на нашата делегација за време на на инаугурација на Трамп е многу важен чекор

Заменикот министер за надворешни работи Зоран Димитровски, во 24 анализа рече дека посетата на владината делегација во Вашингтон за време на инаугурација на новиот претседател Доналд Трамп е многу важен чекор за напредок на нашата држава.

Според него иако е тешко да се биде во фокус на новата администрација на Трамп сепак значајно е да сме присутни и да бидеме во чекорот на промените

„Малите земји како Македонија важно е да фатат некаков приклучок во таа приказна. Добро е што нашата делегација оствари средби со првите луѓе од тимот на Трамп, со министерот за трговија, претседателот на Републиканската партија и со други играчи. Сметам дека е важно сето ова бидејќи новата администрација ќе ги редефинира односите со Европа и важно е да сме таму“, изјави Димитровски.

Тој рече и дека од новата администрација на Трамп очекува поддрша и еден вид медијација во процесот на преговори со Европската унија но и во процесот на преговори со Бугарија.

„Добро е што имаме фокус од ЕУ и од Бугарија. Сега кога веќе се формира нова Влада во Софија знаеме дека тоа е добар знак. Ние изминатиов период зборувавме и во Брисел и во Вашингтон и во други земји и се обдиовме да ја објасниме нашата позиција. Идејата е да се напрви овој процес предвидлив и во таа насока ние имаме соодветни решенија кои ги нудиме на ЕУ и кога ќе почне дијалогот со Бугарија сакаме да ја објасниме нашата позиција и да најдеме заедничко решение“, рече  Димитровски и додаде дека имаат предлози за решавање на проблемот со уставните измени.

Според него, новите такси и тарфи кои ќе ги воведе Трамп во однос на ЕУ, најмногу ќе бидат насочени кон автомобилската индустрија. 

Извор



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners