Демократски сојуз




Павле Трајанов, Претседател на ДС

Павле Трајанов, роден на 25.XII.1952 година во Д.Радеш, Радовиш. Завршил Правенфакултет, положил правосуден испит, зборува англиски и руски јазик.

По завршувањето на Правниот факултет, во 1977 година се вработува во МВР, каде извршува значајни работни должности и кариерата ја завршува како министер за внатрешни работи.

Бил аналитичар, началник на одделение, началник на сектор за анализирање и истражување на безбедносни појави, советник, потсекретар на Службата за јавна безбедност, помошник министер за оперативни работи и министер за внатрешниработи (1998-1999 година).

Бил активен во средношколската младина во гимназијата „Коста Сусинов“ во Радовиш, претседател на младината на Правниот факултет и претседател на младината во МВР.

Во 1989 година заедно со 7 мина припадници на МВР (т.н. „осумтемина“ од РСВР) ја најави демократската пролет во Македонија, залагајќи се за воведување на повеќе партиски систем и спротивставувајќи се Службата за државна безбедности натаму да биде ударна тупаница на Сојузот на Комунистите и инструмент за елиминирање на политичките противници. Павле Трајанов, како дел од осуммината во МВР активно се вклучува во надминување на деформациите на безбедносните служби, како и во реформирањето на МВР.

Павле Трајанов, како потсекретар за јавна безбедност има значаен придонес за осамостојувањето на Македонија (1991-1993 година), како и во борбата против криминалот, корупцијата, посебно во борбата против организираниот криминал.

Во периодот 1991-1993 година, заедно со раководството и припадниците на МВР, целокупниот безбедносен ситем го вклучува за поддршка на идеите за самостојна Македонија.

Павле Трајанов ја иницира, организира и спроведува најризичната и најзначајната операција (во август 1991 година) за одземање на воената евиденција за резервниот состав од Републичкиот секретаријат за одбрана, со што спречува десетици илјади млади резервисти да бидат упатени на фронтови во Југославија.

Павле Трајанов го подготвува Договорот за дислокација на ЈНА од Македонија, го организира обезбедувањето на границите од страна на полицијата и силно сеспротиставува на идеите и плановите на ЈНА, за воен удар во Македонија.

Во 1994 година, прв изјавува дека во Македонија има организиран криминал, во кој се вклучени носители на јавни функции, какo и министри од Владата на Република Македонија.

Во 1998-1999 година раководи со МВР (министер за внатрешни работи), при штосе спротивставува на обидите за дестабилизација на Македонија и успешно се справува со безбедносната криза, екстремизамoт и тероризамот, врши темелнареорганизација на МВР, со воведување на антитерористички центар, оддел за борбапротив организираниот криминал, емиграционо биро и др.

Во текот на 1999-та година, под негово раководство Македонија прифаќа над 500.000 бегалци од Косово, ја одржува стабилноста на државата и спречува конфликтот од Косово да се прелее во Македонија.

Во јануари 2000 година го иницира формирањето на нова политичка партија –Демократски сојуз.

На 19 март 2000 година, на Основачкото собрание на Демократскиот сојуз е избран запретседател на ДС.

Од 2006 година е пратеник во Собранието на Република Македонија.

Павле Трајанов е член на Светската академија на науките за комплексна безбедност, пишувал колумни во „Дневник“, дал над 280 интервјуа, учествувал во повеќе дебати, одржал над 320 прес конференции и др.

Меѓу другите проекти кои ги изготвил и доставил до Собранието на РепубликаМакедонија, се вбројуваат и проектите за декриминализација „ДЕКРИ“ со кој се објавува „војна против организираниот криминал“, како и Стратегијата за фазнорешавање на спорот наметнат од Република Грција околу името на нашата држава.

Павле Трајанов бил член или членува во следните Собраниски тела:

  • Комисија за европски прашања, член
  • Комисија за надзор над спроведувањето на мерките за следење накомуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи и од Министерството за одбрана, заменик-член
  • Комисија за одбрана и безбедност, член
  • Комисија за уставни прашања, член
  • Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарнотособрание на Северноатлантската договорна организација, со статус напридружна делегација (ПС НАТО), член
  • Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарниоткомитет за стабилизација и асоцијација (Мешовит парламентарен комитет ЕУ -Република Македонија), заменик-член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка соПарламентот на Државата Израел, претседател
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка соПарламентот на Народна Република Кина, член
  • Анкетна комисија за утврдување на околностите за загинувањето напретседателот на Република Македонијиа Борис Трајковски, член
  • Комисија за надворешна политика, член
  • Комисија за надзор над работата на Управата за безбедност иконтраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање, заменик-член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка соПарламентот на Швајцарската Конфедерација, член


Павле Трајанов е наградуван и одликуван, посетувал голем број на семинари, курсеви и специјалистички обуки, меѓу кои и на семинар организиран од Европскиот Центар за безбедносни студии „ Џорџ Маршал“ во Германија и др.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners