За ДСМ
МЛАДИТЕ на ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ (ДСМ), како подмладок на партијата, сметајќи дека на македонската држава и се потребни млади луѓе кои имаат сила да се борат, но и храброст да победат со чесност, млади луѓе кои ќе бидат ГЛАСОТ И ЛИКОТ на Македонија, направија ИЗБОР и одлучија да превземат дел од одговорноста за иднината и понатамошниот развој на Република Македонија.
Растргнати меѓу традицијата и модерните светски трендови, се роди чувството дека потребна е ПРОМЕНА и создавање на нов систем на вредности. Ние веруваме дека само почитта едни кон други ќе не одведе кон слободно и праведно општество. ДСМ е против говорот на омраза, против поделбата во етнички стада и против насилството. Ние се залагаме за стручна и ефикасна администрација, за воведување на систем на заслуги, каде прва и последна квалификација е способноста на поединецот.
„Менувајќи се себе - ги менуваме и другите, Барајќи од себе - бараме и од другите. А, само МЛАДОСТА ја има НЕЗАПИРЛИВАТА СИЛА да МЕНУВА и да УНАПРЕДУВА“. Затоа ДСМ верува во себе и во силата на секој млад човек.
ПРОГРАМА НА ДСМ
На маргините на привидниот политички плурализам како резултат на тешката политичка состојба во државата се создаде ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ, партија која понуди нов систем на вредности, систем на нормално живеење.Согласно статутот и програмата на Демократскиот Сојуз, ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ НА МЛАДИТЕ, (во понатамошниот текст ДСМ), како нејзин подмладок, залагајќи се за почитување на човекот, неговото достоинство, слободи и права, зголемување на општото ниво на образование и култура, развивање на праведно демократско општество, формирање на јавноста како четврта власт, за подобра сопствена иднина и иднина на државата, нуди програма за учество на младите во креирањето и решавањето на актуелните животни прашања.
повеќе...
Последни Активности
1.11.2012
КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:
1. Радовиш
Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.
2. Неготино
Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...
прочитај повеќе...
13.11.2012
Трајанов - Историски момент за компромис со Грција
Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.
прочитај повеќе...
19.11.2012
ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ
„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “...
прочитај повеќе...
14.01.2013
Kако до нови работни места?
Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.
прочитај повеќе...
18.03.2012
ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ
Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...
прочитај повеќе...