Слава и почит за великанот Гоце Делчев

4.5.2026

Слава и почит за великанот Гоце Делчев

Демократскиот сојуз денес оддава почит на великанот на македонската револуционерна мисла, Гоце Делчев, кој својот живот го вгради во борбата за слобода, правда и еднаквост. Неговата визија за Македонија како заедница на слободни луѓе и за светот како поле за културен натпревар помеѓу народите, останува траен патоказ за нашиот развој.

На денешен ден се потсетуваме на неговата жртва во село Баница во 1903 година, кога прерано беше прекинат животот на еден од најголемите синови на Македонија. И покрај тоа, неговото дело продолжи да живее и да биде водилка за генерациите кои ја остварија македонската државност.

Како дел од владејачката коалиција, Демократскиот сојуз останува посветен на вредностите за кои се бореше Делчев – слобода, демократија, солидарност и еднакви можности за сите граѓани.

Со почит кон минатото, продолжуваме да работиме за стабилна, европска и просперитетна Македонија.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners