Демократски сојуз

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ДА НЕМА ЛЕТУВАЊЕ ЗА ПРАТЕНИЦИТЕ И МИНИСТРИТЕ, ДРЖАВАТА ДА СЕ КОНСОЛИДИРА
ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ЕУ, БОРБАТА ПРОТИВ КРИМИНАЛОТ И ДЕПАРТИЗАЦИЈАТА
ТРАЈАНОВ ЗА ТВ 24: СО ЗАКОНОТ НЕ БАРАМЕ АМНЕСТИЈА, ПОМИЛУВАЊЕ, АБОЛИЦИЈА, БАРАМЕ ШАНСА ЗА ФЕР СУДЕЊЕ
ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:ЗА КАНЦЕРОГЕНОТО МАСЛО И ОПАСНИОТ ОТПАД ПРЕДУПРЕДИВМЕ,НО РЕАКЦИЈА НЕМАШЕ



Последни активности

30.01.2023

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ЌЕ СЕ ФОРМИРА МАКЕДОНСКИ ФБИ

 

- Криминалот ги разорува институциите и го кочи демократскиот развој на државата. Криминалот стана вредносна категорија, а не зло со кое мораме да се справиме. Криминалот е навлезен во сите пори на општественото живеење. Народот не може да создаде толку колку што власта може да растури и украде“, рече пратеникот Павле Трајанов, предлагач на законот за Агенција за борба против тешките облици на криминал и висока корупција на денешната трибина „Системски реформи - борба против организираниот криминал“ која се одржа во хотелот „Бест Вестерн“.

прочитај повеќе...

25.01.2023

(Интервју) Трајанов: Османи ѝ прави штета на државата со својата политика на коленичење

Дипломатијата на коленичење не дава резултати, дециден е лидерот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, во интервју за „Макфакс“.


прочитај повеќе...

18.01.2023

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ДА СЕ ПРЕКИНАТ АКТИВНОСТИТЕ ЗА ПРОШИРУВАЊЕ НА ПАРЛАМЕНТАРНОТО МНОЗИНСТВО

Демократскиот сојуз смета дека идејата за зголемување на парламентарното мнозинство, дополнително ќе го засили незадоволството кај граѓаните, дека ќе се заострат меѓуетничките тензии и сериозно ќе се нарушат уставните принципи за соодветна и правична застапеност на етничките заедници во власта.


прочитај повеќе...
16.01.2023

Демократски сојуз Бугарските националисти, да бидат прогласени персона нон грата

Демократскиот сојуз ги осудува шовинистичките и сепаратистички изјави и пароли „Македонија е бугарска“ на групата Бугари предводени од европратеникот Ангел Џамбаски минатиот викенд во Скопје.


прочитај повеќе...
13.01.2023

Pavle Trajanov -  ehemaliger Innenminister Nord-Mazedoniens

Трајанов: Потребен е удар врз главата на октоподот

Пратеникот и лидер на ДС ќе предложи да се формира независна Агенција за борба против институционалниот криминал и високата корупција

Пратеникот и лидер на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов наскоро ќе предложи предлог-закон за формирање независна Агенција за борба против тешките облици на организиран криминал и висока корупција. За овој предлог, што тој повеќепати досега го спомнуваше во јавни настапи, веќе е подготвена нацрт-верзија. Смета дека со таков закон дефинитивно ќе се објави отворена и фронтална војна на институционалниот криминал и високата корупција.

прочитај повеќе...
10.01.2022

Павле Трајанов: Широка предизборна губитничка коалиција

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ вчера во интервју сподели дека вреди да се размисли околу формирање широка предизборна коалиција во чиј состав би влегле сите партии освен ВМРО-ДПМНЕ и Левица.

прочитај повеќе...
01.01.2023

Павле Трајанов: Да се свртиме напред кон иднината 

Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз на сите граѓани им посакува многу среќа и здравје во годината пред нас.

 


прочитај повеќе...
29.12.2022

Демократски сојуз: 2023, година на силни предизвици и промени 

Демократскиот сојуз очекува 2023 година, да биде година на силни предизвици и промени.

Нашите анализи и проценки се дека во мај месец ќе се одржат предвремени парламентарни и ќе се формира широка коалициона влада, а премиер ќе биде од партијата која што ќе освои најмногу пратеници.

прочитај повеќе...
28.12.2022

No description available.

Советничката Елизабета Стефковска, донираше новогодишни пакетчиња

Елизабета Стефковска, советничка од Демократскиот сојуз во Општина Кисела Вода, на 23. декември 2022 година се сретна со претставнички од  Женскиот центар за психолошка поддршка, при што по повод претстојните новогодишните празници донираше 40 новогодишни пакетчиња за децата на жените, жртви од семејно насилство. 

прочитај повеќе...
26.12.2022


Демократски сојуз: Младите да не учествуваат во лажни најави за поставени бомби


Демократскиот сојуз смета дека најавите за поставени бомби се насочени кон дестабилизација на државата, преку кои се нарушува процесот на образование, како и нормалното одвивање на животот.  Овие лажни најави за поставени експлозивни направи предизвикуваат трајни последици по психичкиот развој на младите, потоа при евакуацијата се можни повреди на учениците и се создава страв и нервоза кај родителите.



прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners