Демократски сојуз: Наместо дипломатијата, говори артилеријата

12.03.2022

Демократски сојуз: Наместо дипломатијата, говори артилеријата

Демократскиот сојуз укажува на потребата од единство без разлика на партиската, етничката или верската припадност, се со цел, во услови на војна од широки размери, да се  заштитат виталните и националните интереси на Македонија и граѓаните.

Кога наместо дипломатијата, зборува артилеријата, се нарушува мирот и стабилноста, а последиците се мултиплицираат. Ние мораме да апелираме војната да запре, но паралелно да се подготвиме дека таа ќе трае подолго и да обезбедиме институциите да дејствуваат во услови на криза и повеќе од тоа.

Вонредните мерки кои се преземаа за намалување на последицте врз стандардот на граѓаните и стопанството, мора да се обмислуваат и носат со широки консултации, да се следат ефектите од истите и да се прилагодуваат во од.

Круцијално прашање е стабилноста на државата во услови кога на Балканот се раздвижени екстремистите, посебно во БиХ, Косово и Србија, а  Бугарија и натаму ја блокира Македонија да стане полноправна  членка на ЕУ. Затоа мораме да бидеме претпазливи и да соработуваме со нашите стратешки партнери и НАТО, а од Европската унија да бараме евроинтегративните процеси на Македонија да се одвиваат на брза лента, без одовлекување.

Единството, грижата за секое семејство, за секој човек е иманентна, нема потреба од популизам и партиска пропаганда.

Товарот на последици од војната мораме да ги понесеме сите и да се прилагодиме на можностите на државата.

Буџетот го полнат граѓаните и затоа тие имаат приоритет, но исто така, мора да функционира здравствениот систем, образованието, одбраната, да се одржува редот во државата, да течат реформите и да се сочува демократијата.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners