Павле Трајанов: Демократски сојуз поднесе предлог за измени на Изборниот законик

2.6.2025

Павле Трајанов: Демократски сојуз поднесе предлог за измени на Изборниот законик

Претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов, денес до Парламентот, го достави Предлог -Законот за измени на Изборниот законик со кој се предлага Македoнија да биде една изборна единица.

Ваквите измени  ќе значат силен поттик на демократизација на изборниот процес и на државата во целина, како и демонтажа на „еднопартискиот систем“ на владеење и зголемување на одговорноста на извршната и законодавната власт.

Во процесот на носење на круцијални одлуки ќе бидат вклучени повеќе партии и ќе јакне законодавна контрола над извршната власт.

Со измените, зад секој пратеник ќе стојат ист број на гласачи ,а не како досега во изборна единица шест пратеник да се бира со 6 300 гласа, а во изборна единица три,со 10 илјади гласа.

Предлагаме да остане пропорционалниот модел, без изборен праг ,а пратениците да се пресметуваат по Донтовиот модел.

Со предлогот се овозможува и самостоен настап на партиите од помалите етнички заедници и се гарантираат места во Парламентот доколку имат поддршка од гласачи потребни за пратеник.

Во врска со идејата за отворени листи укажуваме дека истата се уште не е добро проучена, а искуствата во другите држави покажаа многу слабости.

Предлагаме на претстојните локални избори да се почне со отворени листи за советници само во неколку општини (Центар, Струга и Гевгелија).

 Предлог законот за измена на изборниот законик, можат пратениците да го дополнат и со забелешките на ОБСЕ И ОДИХР.

Инаку, Демократскиот сојуз повеке од 15 години ја актуализира потребата од коренити измени на изборните правила, идеја која има и огромна граѓанска поддршка, но досега оваа заложба беше блокирана со флоскулата „општ консензус“.

Последниот обид (предлог поднесен во 2022 година ) за Македонија да биде една изборна единица беше блокиран од СДСМ и ДУИ.

ЛИНК ДО ЗАКОНОТ



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners