Демократски сојуз: МВР и надлежните органи да го спречат Ахмети да предизвика безбедносна криза

4.5.2025

Демократски сојуз: МВР и надлежните органи да го спречат Ахмети да предизвика безбедносна криза

Демократски сојуз ги осудува заканите за дестабилизација што ги упати лидерот на ДУИ, Али Ахмети и ги повикува надлежните органи да преземат решителна акција за спречување на безбедносно-политичка криза каква што има намера да предизвика неговата партија.

Демократската унија за интеграција упорно одбива да прифати дека нејзините челници и поранешни државни функционери, кои неказнето ги кршеа законите сите изминати дваесетина години на власт, не се веќе недопирливи команданти на ОНА за кои не важи правдата.

Особено загрижува причината поради која Ахмети и неговата политичка дружина имаат намера, како што најави, „да излезат на улица и никогаш повеќе да не се вратат“ – имено, доколку поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши, кој е осомничен во случајот на трагедијата во Кочани, биде обвинет по завршувањето на истрагата. Таква мафијашка уцена и притисок врз обвинителството и судовите е невидена во Македонија.

Ахмети е очигледно навикнат судиите и обвинители кои лично ги поставуваше да работат под негов диктат и да штанцаат мерки за обезбедување, обвинителни акти и пресуди по негов терк. Токму затоа ДУИ реагираше и на одлуката за задржување во притвор на екс министерот Бектеши. Одлука донесена од судии кој тој ги поставуваше и командуваше. Досега  политичките шампиони на интегративците имаа навика да бегаат од правдата, како што е случајот со Артан Груби и Перпарим Бајрами, кои веќе неколку месеци се во бегство од органите на прогонот.

Истовремено, Ахмети лицемерно им се додворува и на семејствата на загинатите во трагедијата во Кочани, ветувајќи дека ќе им се приклучи во поддршката да стигнат до неселективна правда, но не ги поддржа семејствата на загинатите во модуларната болница во Тетово, трагично настраданите во несреќата на „Дурмо Турс“ кај Ласкарци или на оние на „Беса Транс“ во Бугарија. Во тие случаи правдата ја кроеше ДУИ и таа беше селективна.

Демократскиот сојуз ги повикува највисоките државни институции, обвинителството и судството, вклучително и Уставниот суд, кој треба да одлучува за уставноста на некои одредби од Законот за употреба на јазиците, да работат според законите и Уставот и да не се обѕираат на притисоците и заканите што ги упатува Ахмети. Неговото време заврши, а местото на криминалците без разлика од нивната партиска,етничка или верска припадност им е зад решетки.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners