Демократски сојуз: Мандат за состав на Владата добива кандидатoт на партијата (партиите) која има мнозинство

3.5.2024

Демократски сојуз: Мандат за состав на Владата добива кандидатoт на партијата (партиите) која има мнозинство

 

Демократскиот сојуз ги потсетува партиите, посебно ДУИ, но и сите граѓани, дека согласно член 90 од  Уставот на Република Македонија, мандат за состав на Влада добива кандидатот на партијата/ партиите кои имаат мнозинство (најмалку 61 пратеник).
Влада ја избира Парламентот со мнозинство гласови од 120-те пратеници. Мнозинство се 61 пратеник.
За избор на Владата нема двојно гласање (Бадентер), тоа не е предвидено ниту со Уставот, ниту со каков било договор или закон, ниту пак има таква пракса.
Се работи за класична манипулација или непознавање на политичкиот систем и  Уставните решенија за избор на Влада.
Сосема е извесно дека по 20 години на власт, недопирливите од ДУИ, ќе бидат испратени во долгогодишна опозиција и за грабежот што го направија и разнебитување на институциите и државата во целина ќе одговараат.
Наводната проевропска партија „ги отвори вратите на ЕУ“, при што за време на нивното владеење над 800 илјади граѓани од Македонија се иселија во земјите на ЕУ, меѓу нив и над 200 илјади Албанци.
Сите партии се изјаснија дека по изборите нема да коалицираат со ДУИ.
Тоа е јасно за сите граѓани, затоа ќе гласаат за промени, а на ДУИ во опозиција ќе им се приклучи и СДСМ.

 



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners