Демократски сојуз: Спојувањето на концесиите за рудниците во Иловица криминал

17.7.2023 

Демократски сојуз: Спојувањето на концесиите за рудниците во Иловица криминал

Демократскиот сојуз смета дека спојувањето на концесиите за рудниците во Иловица е тежок криминал и за тоа мора да се понесе одговорност.

Владата на предлог на министерот за економија донела едногласна одлука за спојување на концесиите на рудниците во Иловица, наводно по барање на инвеститорите од 2016 година.

Дилемата е дали министрите од СДСМ биле изманипулирани од министрите на ДУИ или немале храброст да се спротивстават.

Како и да е, одлуката е во корист на инвеститорот, но поради отпорот на жителите од Иловица и пошироко, СДСМ ретерира и се обидува да се извлече од овој скандал и криминал.

По седум години на власт, да не се направи ништо за поништување на концесијата, тука да се развлекува и на крај да се спојат концесиите, само ја потврдува констатацијата дека Владата е во „лимбо“ и без кормилар.

Инаку, крајот на овој скандал ке го платат граѓаните или со здравјето или со парите кои тешко ги заработуваат.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners