26.9.2025
Демократски сојуз: Доста е со декларации и резолуции, да се фатиме за работа!

Демократскиот сојуз бара да престанеме со носење резуолуции и декларации кои никого не го обврзуваат и никој не ги разгледува, ниту ги чита.
Демократскиот сојуз предлага македонското Собрание да се обрати до Советот на Европската Унија со барање да ги донесе следните заклучоци:
Прво, по приемот на Македонија во Европската унија, македонскиот јазик да биде официјален јазик.
Второ, историските, идентитетските и јазичните прашања да не можат да бидат основа за блокада на евроинтегративните процеси и
Трето, да ја обврзе Бугарија да ги спроведе одлуките на Меѓународниот суд за човекови права од Стразбур, со кои ќе им овозможи на Македонците во Бугарија да се здружуваат за афирмација на своите особености поврзани со јазикот, културата, историјата итн.
На овој начин ќе се демонстрира национално единство и ќе се предизвика реакција од страна на ЕУ.
Предлагаме конкретна активност, а не резолуции или декларации кои се користат за дневно политички препукувања, манипулации и политички маркетинг.