Демократски сојуз: Амнестијата на функционерите широко ја отвори вратата за криминал

9.9.2023

Демократски сојуз: Амнестијата на функционерите широко ја отвори вратата за криминал

Демократскиот сојуз цени дека измените на Кривичниот законик со кои се намалува висината на казните затвор за злоупотреба на службената положба и за злосторничко здружение, како и целосната декриминализација на јавните набавки кога е оштетена државата, широко ги отвораат вратите за натамошна криминализација и го промовираат принципот на легализација на високата корупција од носители на власта.

ДС укажува на неколку клучни елементи:

Прво, донесувањето на законот се одвиваше во скратена постапка без поширока парламентарна и експертска расправа. 

Второ, постапката се водеше со европско знаменце со што се оневозможи преку амандмани, односно со филибастеринг, да се блокира усвојувањето на законот. 

И трето, министерот за правда бил против овие измени, но Владата сепак го достави законот до Парламентот. 

Образложенијата што ги даваат премиерот и платени експерти, дека ќе се ефектуирала конфискацијата на имотот на функционерите криминалци, посебно проширената конфискација, дека повеќемина ќе одговараат итн. воопшто не држат. Криминалците од власта најголем дел од украдените буџетски пари ги префрлаат на странски сметки во даночни рајеви, кои се недостижни за правдата, а сомнителниот имот во Македонија го регистрираат на туѓо име. 

Сосема е извесно дека ова е брутален напад врз владеењето на правото и правдата.

Со овие измени се амнестираат од кривична одговорност актуелните функционери, но ќе ги користат и тие што веќе се осудени за ваков вид кривични дела.

Поцелисходно е да се направи амнестија на тие што веќе се на издржување на затворска казна во врска со настаните од 27 април 2017 година, со што ќе се коригира неправдата. Тогашната амнестија беше селективна и во функција на уставните измени поврзани со имплементацијата на Преспанскиот договор.

Криминалот ги разгради институциите и полека но сигурно ја загрозува државата.

Криминално водство на државата не може да биде кредибилен фактор пред странците, а уште помалку да ги штити националните и државните интереси.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners