Демократски сојуз




Приоритетни активности на Демократскиот сојуз

Поаѓајќи од ралните постигнувања на планот на развојот на човековите права, демократијата и европеизацијата на Република Македонија, но свесни за потребата од непрекинато негување на позитивните трендови, но и соочени со тешките премрежија пред кои стои нашето општество, Демократскиот сојуз, своите идни приоритети и активности ќе ги насочи кон нови и креативни идеи кои водат до:



1. Влез во НАТО и во ЕУ

На последниот конгрес, како и на трите претходни, беше нагласено дека за Демократскиот сојуз, беа и останаа врвмо приоритети: влезот во НАТО и Европската Унија.

Овие стратешки цели не се само наши. Тие ја имаат силната и недвосмислена поддршка на најголемиот број граѓани и политички партии. Се разбира, воочлив е отворениот или прикриен отпор на одделни структури, со монополски и доминантни позиции во различни сектори на општествениот живот, вклучувајќи ги и бизнисот и медиумите, а особено на оние со коруптивно и криминално однесување, на кои не им одговараат високите европски стандарди на законско транспарентно и одговорно работење.

Европските стандарди во македонската одбрана се condition sine qua non за влез во НАТО. Република Македонија беше и остана посветена на реформите. Се работи за процес на континуирано следење на реформските зафати во НАТО, како гаранција дека по разрешувањето на спорот со Грција, подготвени и компатибилни ќе влеземе во него.

Република Македонија треба да продолжи со активната партиципација в о меѓународните мировни мисии, докажувајќо се како de facto член на НАТО и да ја прошири и продлабочи соработката со стратешките партнери, пред се со САД, ЕУ и со НАТО.

Убедени сме и веруваме дека приемот на Република Македонија во НАТО ќе ги зголеми нашите шанси за побрзо интегрирање во ЕУ, односно започнување и завршување на пристаните преговори за влез во ЕУ.

Да потсетиме дека претпристапниот дијалог, кој што беше инициран од Демократскиот сојуз во Собранието на Република Македонија и другите е реална основа за неформално отворање на поглавијата за евро интеграцијата на Република Македонија.

Демократскиот сојуз смета дека деблокирањето на евро-интеграциските процеси, бара од сите партии да превземат дел од одговорноста за надминување на спорот со Грција за нашето име - Република Македонија!

Превземајќи дел од одговорноста, Демократскиот сојуз предлага фазно (етапно) решавање на истиот. Платформата за решавање на спорот со името, подготвена од Демократскиот сојуз, предлагаме да биде основа врз која ќе се (из)гради државен консензус, односно „ сојуз на сите политички сили“ во државата, со што ќе се надминат непроценливите негативни импликации за севкупниот развој на Република Македонија, за добрососедските односи, како и за стабилноста на Балканот во целина.



2. Владеење на правото и независно на судство

Без дополнителни промени кои ќе обезбедат самостојност и независност на судската власт, владеењето на правото и правната држава се уште посакувани цели, а не македонска реалност.

Неспорни се реформите во правосудниот систем, насочени кон креирање системски решенија, како гаранција за неговата самостојност и независност. Но, судската пракса е се уште обременета со низа проблеми, пропусти и недоследности. Реформите во кривичната постапка се уште во подготвителна фаза и треба да се продолжат. Нивната избрзана имплементација може да внесе конфузија во односите меѓу овластените субјекти на штета на правата на граѓаните.

Судовите и натаму се под силно политичко влијание. Републичкиот судски совет, станасилен политички инстумент за избор и разрешување на судиите, но и институција преку која не ретко препознаваме политиучко и партиско влијание, кое се пренесува и одрпазува не само врз изборот на судиите , (не)квалитетот на избраните, туку и низ процесот на судење и одлучување.

Пред нас е предизвикот да ги насочиме и динамизираме активностите во правец на натамошен демократски и економски развој на државата, афирмирање и имплементирање на европските стандарди и вредности во заштитата на човековите права, владеењето на правото, независноста на судството, јакнеењето на цивилното општество.



3. Унапредување на состојбите во администрацијата и образованието

Администрацијата е гломазна, нестручна и неефикасна. Во неа се регрутираат партиски кадри, врз основа на “споилс“ системот, наместо врз “мерит“ критериумите.

Најкомпетитивните млади и образовани кадри, со дипломи стекнати на престижни универзитети, со меѓународно признато знаење и компјутерски вештини, со активно познавање на повеќе странски јазици ја напуштаат земјата , раководени од максимата “ubi bene ibi patria”, соочени со затворени врати и принудени на “brain drain”. Република Македонија ќе се соочи со потребата од европски профил на администрација во моментот на почетокот на преговорите за поглавјата. Тогаш ќе се види немоќта на армијата вработни, кои што не си ја знаат работата за која се платени и не се раководени од етичкиот кодекс на однесување. Партиските војници и поданици и се лојални на партијата која што ги вработила, а не на Законот и граѓаните, на кои треба да им служат.

Македонија мора да вгради во својата регулатива и да применува во пракс а европски критериуми за прием и унапредување во јавната и државната администрација, затоа пто таа е костурот на државата и моторот на реформите.

Реформите и европеизацијата на образованието и едукацијата на младите е најисплатливата инвестиција во секое општество, па и во македонското. Во оваа насока, се залагаме во образованието да се внесат новини, врз основа на домашните и странски позитивни искуства, но пред се, ќе се залагаме учениците да се стекнуваат со широки и продлабочени знаења, да ги усовршуваат компјутерските техники, да изучуваат странски јазици. Плод на ваквото образование ќе биде европски профил на ученици и студенти, компатибилен и компетитивен со оној во земјите на ЕУ, кон која чекориме и пред чии порти сме.



4. Борба против организираниот криминал

Со криминалната и неправедна приватизација направен е грабеж од над 5 милијарди евра, од една страна и криминализација на државата, од друга. Криминалот стана „морална категорија“, а не зло кое генерира нестабилност и неоправдани социјални разлики, кое што треба(ше) да се санкционира. 

Во 2006 година му објавивме војна на организираниот криминал. Во досегашната битка се постигнати значајни резултати, но, далеку сме од целосно искоренување на организираниот криминал и декриминализацијата на државата.

Демократскиот сојуз верува и стои цврсто на определбата дека на Република Македонија и треба „заокружен и ефикасен систем за борба против организираниот криминал и корупцијата, односно опстојува на потребата и барањето од целосна имплементација на „Проектот за декриминализација“-ДЕКРИ.



5. Слободни медиуми

Состојбата во и со медиумите ја оценуваме како загрижувачка. Тие сеуште се под силно политичко и олигархиско влијание. Нивните сопственици имаат целосна контрола врз нивната уредувачка политика, (зло) употребувајќи ги за сопствени лукративни и политички цели, а не за објективно информирање на граѓаните за настаните кои што ги засегаат.

Преку медиумите во Република Македонија тешко се доаѓа до фактите и вистината. Нужни се темелни промени во медиумската сфера. Нашата држава не може да биде развиена европска демократија без самостојни и независни медиуми, како „ куче-чувар“ и беспоштеден критичар на неповолните општествени состојби и појави.

Демократскиот сојуз ги разбира и поддржува иницијативите на асоцијациите на новинарите за декриминализација на клеветата и навредата, но истовремено инсистира на почитување и заштита на вистината и човековото достоинство, на интегритетот и дигнитетот на човекот, без оглед на расна, етничка, родова, верска, социјална, социјална или сексуална припадност.



6. Стратегија за побрз економски развој

Демократскиот сојуз, исто така, цени дека треба да изградиме Стратегија за побрз економски развој, како и Програма за отварање на НОВИ РАБОТНИ МЕСТА, заради подобрување на животниот стандард и создавање можности младите кадри да останат да работат, создаваат и творат во Македонија.

Мора да ја зголемиме продуктивната вработеност и да ја подобриме социјалната положба на граѓаните. Во овој правец, треба да продолжат започнатите реформи, кои што од Македонија ќе направат посакувана и сигурна дестинација за инвестирање, ќе овозможат отварање на нови производствени капацитети и работни места, ќе го забрзаат развојот на туризмот и земјоделието.

Демократскиот сојуз се залага за проектот „Вардарска долина“, со чија реализација ќе започне нов и сигурен развоен циклус, вклучување на градежните потенцијали, како и создавање услови за развој на земјоделието и вработување на над 100 илјади граѓани.

Во амбиент на светска економска и финансиска криза, која што не ја одмина ни Еврозоната, напоредно со мерките за амортизирање на нејзините негативни ефекти врз нашата економија, Демократскиот сојуз се залага за социјална политика која што ќе биде во функција на заштита на најсиромашните и социјално загрозените слоеви, во духот на уставната определба за Република Македонија како социјална држава.

Преку организирање на кампањи и информирање на граѓаните ќе се обидеме да влијаеме врз нивната свест, особено на младите генерации за да им објасниме дека државата е најлошиот стопанственик и претприемач и дека секој треба да размислува за сопствен бизнис. Претприемаштвото, знаењето, компетитивноста и храброста се основа за динамичен економски развој.

Демократскиот сојуз ќе инсистира да се донесе Државна програма за превенција од енергетската криза, заради избегнување на можните последици по македонското стопанство и граѓаните. Се залагаме за градење нови енергетски капацитети, користење на обновливите извори на енергија, но и за макотрпна работа за создавање навика за штедење.



7. Здравство и околина

И во здравството се неопходни темелни реформи, во функција на подобра и поефикасна здравствена заштита на сите граѓани без оглед на нивната етничка, верска, социјална, родова, или сексуална припадност.

Лекарската професија мора да биде соодветно респектирана и вреднувана, а лекарите мора да се раководат од Хипократовата заклетва и од високите етички начела при нејзиното вршење.

Демократскиот сојуз во своите активности и натаму ќе ја афирмира потребата за заштита на средината во која живееме и работиме, обнова и зголемување на шумските комплекси, заштита на водните ресурси и поттикнување на руралниот развој. Водните ресурси се од огромно значење за сегашноста и иднината на Македонија и затоа треба да креираме посебна стратегија и програма за нивно користење и заштита од загадување.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners