Демократски сојуз: Изборниот законик спротивно на Уставот обезбедува политички монопол на четири партии

27.9.2025

Демократски сојуз: Изборниот законик спротивно на Уставот обезбедува политички монопол на четири партии

Демократскиот сојуз подолго време бара коренити промени на изборните правила, меѓу другото и поради тоа што истиот воспоставува еднопартиско владење, партиите немаат еднакви услови и шанси за политички натпревар, посебно еднакви можности за информирање на граѓаните за политичките програми, проектите што ги предлагаат или претставување на кандидатите за претседател на државата, пратеници, градоначалници или советници.

Со измените на Изборниот закиник од 2020 година, од девет минути и триесет секунди по реален час на емитувана програма, за политичко рекламирање, осум минути им припаѓаат на четири партии (две од власта и две од опозицијата), само една минута за сите други парламентарни партии и триесет секунди за другите партии и независни кандидати.

Ист е  соодносот и за финансирање на политичката кампања од Буџетот на државата.

Овој монопол креиран и озаконет од двете најголеми партии од „македонскиот блок“ и двете најголеми партии од „албанскиот блок“, го гуши плуралузамот и демократскиот развој на државата и спречува да се појави нова политичка сила во Македонија.

Изборниот законик фаворизира етаблирање на авторитарен режим.

Инаку Демократскиот сојуз во јануари, 2022 година достави иницијатива до Уставниот суд, со која бара да се укине монополската положба на четирите партии поврзана со медиумскиот простор за политичко рекламирање и финансирање на политичката кампања од Буџетот на државата.

Уставниот суд на 26 јуни 2022 година го одложи разгледувањето на иницијативата со образложение дека се работи за сложена инијацитива и дека е потребен целосен состав на Уставниот суд.

Демократскиот сојуз е против тоа, од Буџетот на државата да се финансираат политички кампањи.

Секоја политичка партија треба од чланарината што ја плаќаат  членовите да ја финансира кампањата , а партиите да имаат еднаков пристап до медиумите.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners