Демократски сојуз: Да почнат преговорите за влез во ЕУ без условувања

29.10.2023

Демократски сојуз: Да почнат преговорите за влез во ЕУ без условувања

Во пресрет на денешната посета на Урсула Фон Дер Лајен, Демократскиот сојуз очекува претставници на Владата и претседателот на државата, да инсистираат Македонија да ги почне преговорите со ЕУ без какви било условувања и барања кои не се дел од Копенхашките критериуми.

Македонија од 2006 година направи повеќе непринципиелни отстапки, промена на знамето, Уставот и името на државата, со кои се загрозуваат нашите идентитетски вредности.

Европската унија до крајот на оваа година, треба да ги отвори преговарачките кластери, пристапните фондови и Македонија да ја стави на брза лента за полноправно членство. ЕУ тоа им го должи на граѓаните.

Претседателот на Европската Комисија, Урсула Фон Дер Лајен, треба да се заложи Советот на ЕУ да донесе одлука, историските, образовните и идентитетските прашања да не можат да бидат основа за блокирање на евроинтеграциите на Македонија.

Непринципиелните и негаторски барања од страна на Бугарија треба да бидат предмет на билатерални разговори и да се решаваат со добра волја, меѓусебно разбирање и на реципрочна основа.

Една од клучните работи што треба да ги направи официјална Софија е да ги признаае правата на Македонците во 

Бугарија, истите права што ги имат Бугарите во Македонија.

Тоа е мал чекор, но со историски димензии и основа за подобрување на односите помеѓу двата народи и двете држави.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners