Демократски сојуз




ПРОГРАМА

на Демократскиот Сојуз на Жените

Согласно Статутот и Програмата на Демократскиот Сојуз, Демократскиот Сојуз на жените со својата програма и активности се вклучува во програмските определби на партијата со цел да ги реализира своите задачи и цели кои ќе овозможат поактивно учество на жената во партискиот и пред се општествениот живот на жената.

Основни цели и задачи на ДСЖ се:

  • доследна примена на Декларацијата за заштита на жената и нејзините права;
  • обезбедување услови за активно учество на жената во политичкиот живот и нејзина адекватна застапеност на водечки функции во општествениот живот;
  • да врши влијание на законодавното регулирање во поглед на специфичните прашања за женската популација;
  • континуирана едукација на жените за учество во политичката борба и рамноправен третман во неа;
  • толеранција и коегзистенција во меѓуетничките и меѓуверските односи, со посебен акцент врз соработката со жените македонки со исламска вероисповед кои живеат во Долнореканскиот крај;
  • активна соработка со невладини женски и други организации во регионот, Европа и светот и наша примена на позитивните искуства од тие земји врз нашиот општествен живот;
  • едукација и обука на жените преку семинари, трибини, тркалезни маси и сл. за разни теми и прашања од сферата на жената и нејзините поколенија како што се: предавања низ карванска форма низ месните заедници и општините на кои ќе се третираат разни проблени како - борба против дрогата, борба против разни заразни болести специфични за денешницата, предавања за рано откривање на малигните заболувања специфични за женската популација, кампањи за бесплатни прегледи со помош на мобилни медицински екипи кои би биле сконцентрирани во руралните средини, предавања од областа на хигиено-здравствената заштита особено во руралните средини. Овие акции треба да бидат поткрепени и со учество на членови на ДС кои имаат соодветна професија т.е. образование;
  • соработка со хуманитарни невладини организации;
  • организирање на волонтерска помош во домовите на старите и изнемоштени лица како и други видови хуманитарни акции за помош на сиромашните семејства;
  • особен акцент ќе се стави на жената во руралните средини во решавањето на нивните проблеми во секојдневното живеење како што се комуналните и инфраструктуралните поткрепени со едукација во нивната хигиено здравствена заштита;
  • спроведување на акции за соработка меѓу ДСЖ со Здруженија и Асоцијации на жени од соседните држави каде живее македонското малцинство, размена на искуства од областа на женските права како и нивното вклучување во политичкиот живот;
  • залагање да се обезбедат услови на хендикепираните лица за нивно нормално учество во образовниот систем и структурите на општественото живеење како и борба против нивната злоупотреба од страна на работодавците кои ги вработуваат под посебни услови од кои профит имаат само работодавците;
  • ефикасна борба против семејното и сексуалното насилство со предлози до Парламентот за некои измени во веќе донесениот закон за семејно насилство. Имено овој Закон каков што е сега, не ги третира поригорозно постапките на несовесните родители кои ги злоупотребуваат своите малолетни деца. Измената на овој Закон би се однесувала на мерката ОДЗЕМАЊЕ на малолетните деца од страна на специјализираните установи за вакви потреби. Ова пред се се однесува на малолетните деца од ромска националност кои на секакви временски услови се главниот инструмент во рацете на своите родители за просјачење. Во оваа смисла ДСЖ, преку надлежните фактори ќе инсистира за зголемување на капацитетите на овој вид установи - домови каде што децата ќе бидат прифаќани;
  • градење доверба во жената како столб во семејството но и власта;
  • ДСЖ ќе се залага и за еколошка едукација и развивање на еко свеста кај населението особено младите, ќе ги поддржува сите еколошки друштва во нивната активност. Исто така ќе се залага и за донесување на законска регулатива за парични казни против прекршителите на Законот за здрава животна средина;
  • заеднички собири и дружења во вид на екскурзии со жените од општинските организации на ДС за заеднички посети на значајни културно историски локалитети и објекти, а во смисла за подобро запознавање на својата држава како и рекреација на духот и телото на жената денес. Во оваа смисла ќе се воспостави и соработка со ГАРД (граѓанска асоцијација за рекреативно движење) со кое здружение може да се изведуваат заеднички акции во оваа смисла.

За реализација на оваа Програма неопходна ќе биде и помошта од страна на потесното партиско раководство т.е. Претседателството на ДС во вид на морална и материјална поддршка пред се во деловите од поставените програмски задачи на ДСЖ каде се неопходни патувања во околината на Скопје и низ Републиката.

Оваа програма ќе биде проследена до сите општински организации на ДСЖ во Скопје и низ Републиката, а нејзината реализација ќе се води низ заедничка и координирана соработка.

Претседател на ДСЖ
Оливера Христова

Скопје, јули 2004 г.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners