Демократски сојуз: Заканите за дестабилизација се очајнички обид на Ахмети за враќање на власт

11.5.2025

Демократски сојуз: Заканите за дестабилизација се очајнички обид на Ахмети за враќање на власт

Повеќе од 20 години Али Ахмети е на власт, кој промовираше етнички поделби, јавашлук и неодговорност. Дуизацијата и криминизацијата на државата немаат ништо заеднично со правата на Албанците, туку перфидна стратегија за владеење, разорување и разнебитување на државата.

Затоа заканите (последните во Струга) за дестабилизација и заканите за опстанокот на Македонија и излегување на улица, му се удираат од глава,  ќе биде  уште долго во опозиција. Сите граѓани се свесни, вклучително и Албанците дека грабежот  од позиција на власт е билет за во еден правец – заминување на младите во странство.

Без разлика на се, треба државата да дејствува превентивно и да постапи како и сите други демократски држави. Да иницира постапки за спречување на налудничавото, деструктивно и противуставно дејствување.

Јазичните, институционалните и етничките или верските права на Албанците не се загрозени, туку се тресе тлото на политичката мафија која повеќе од 20 години го ограбува сопствениот народ.

Заканите, насилството и тероризмот не можат да бидат платформа за враќање на власт, тој филм еднаш помина и никогаш повеќе.

Само владеење на правото, економскиот развој и имплементацијата на европските вредности се гаранција за мир, стабилност и просперитет.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners