Средба Димитровски-Блинкен: Поддршка од САД за дијалог со Софија за откочување на европскиот пат на Македонија

5.12.2024

Средба Димитровски-Блинкен: Поддршка од САД за дијалог со Софија за откочување на европскиот пат на Македонија

 

Заменик министерот за надворешни работи, Зоран Димитровски, учествува на Министерскиот совет на ОБСЕ кој се одржува на Малта, со учество на министри за надворешни работи и високи претставници на 57 земји учеснички и 11 азиски и медитерански партнери за соработка.

Состанокот се случува во исклучително сложен геополитички контекст, предизвикан од Руската агресија врз Украина.

Димитровски, во својство на претседавач со ОБСЕ во 2023 г. и член на ОБСЕ Тројката претседаваше со втората сесија на Министерскиот совет.

Во обраќањето пред министрите, осудувајќи ја агресијата, Димитровски се придружи на повиците до Руската федерација да ги повлече силите од Украина и да стави крај на војната и страдањето на населението.

„Оваа војна мора да прекине. Храбрите и отпорни граѓани на Украина заслужуваат достоинствен и праведен мир, а правдата мора да надвладее. По завршувањето на агресијата, ОБСЕ ќе биде во можност целосно да ја реализира својата мисија на продлабочување на дијалогот, изградба на доверба и промовирање на сеопфатна и неделива безбедност”, истакна Димитровски.

Димитровски ја нагласи и улогата и конкретниот придонес на нашата држава како поранешен Претседавач кон функционалноста на ОБСЕ и нејзината релевантност.

На маргините на Министерскиот совет, Димитровски оствари куса средба со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен. Во таа прилика, Димитровски се заблагодари на поддршката на САД за европските интеграции на Македонија и изрази уверување дека со помош на САД, како наш стратешки партнер, во дијалог со Софија ќе се  надминат пречките за нашите европски интеграции и ќе се  овозможи забрзано интегрирање во Европската унија.

Државниот секретар на САД Блинкен го нагласи нашето партнерство во НАТО, се заблагодари на улогата што Македонија ја има како активен партнер во Алијансата и вети дека на својот наследник од новата администрација ќе му ги пренесе пораките за продолжување на поддршката на интеграцијата на Западен Балкан и Македонија во ЕУ, како и на мирот и стабилноста на регионот.

Во рамките на денешното учество, Димитровски зборуваше и на панел дискусијата посветена на 20-годишнината од усвојувањето на Акцискиот план за родова еднаквост на ОБСЕ, при што ја истакна нашата улога и заложба за конзистентна имплементација на политиките и процесите за овозможување на родова еднаквост низ регионот на ОБСЕ.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners