„Една изборна единица“ одново на маса, ќе заврши ли пак во фиока?!

30.5.2025

„Една изборна единица“ одново на маса, ќе заврши ли пак во фиока?!

Наместо шест изборни единици да се воведе моделот во кој Македонија ќе биде само една изборна единица опција е која повторно ќе се најде на меѓупартиската маса во пресрет на очекуваните измени во Изборниот законик. На ова укажуваат првичните партиски реакции откако премиерот Христијан Мицкоски вчера излезе со предлогот за промена на изборниот модел, а што е барањето на помалите политички партии веќе повеќе години.

– Да имаме една изборна единица, и во таа една изборна единица да се гласа вклучително да бидат вклучени и гласовите од дијаспората и тоа не само во Дипломатско-конзуларни претставништва, туку насекаде онаму каде што дозволува законот на таа држава да се гласа надвор од ДКП. Веднаш сум подготвен да го поддржам тој закон и ви давам збор дека и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи – изјави тој како одговор на пратеничкото прашање.

На ова понуда, лидерот на најголемата опозициска партија СДСМ, Венко Филипче, денеска изрази подготвеност за разговор.

-Подготвени сме да разговараме за што било, меѓутоа тоа е работа во која треба да учествуваат сите политички партии затоа што не е само прашањето за една изборна единица, туку тука е и прашањето за цензусот, за отворените листи – изјави Филипче.

Пред четири години претставници на повеќе политички партии до македонскиот парламент доставија предлог на законското решение за една изборна единица која ќе биде без изборен праг, односно со „природен цензус“. Но, разгледувањето на овој предлог запре откако се појавија барањата на ДУИ за вградување на изборен цензус од 5 проценти, а што за останатите партии не беше прифатливо.

-Добро е што премиерот Мицкоски излезе со таков предлог. Со тој изборен модел ќе се надмине еднопартискиот модел на владеење. Следната недела ќе го доставам предлогот на законот до Собранието, кое предвидува на први следни избори да нема изборен праг. Јас сум и за вклучување на дијаспората, како и можноста да се гласа надвор од ДКП но со европски решенија – ни изјави вчера Павле Трајанов, лидер на Демократски сојуз.

Вчера и Демократска обнова на Македонија ја поздрави иницијативата и се заложи за нејзино проширување со воведување на пропорционален изборен систем, без праг, со отворени листи и со 50 отсто застапеност на жени на листите.

Политичките аналитичари сметаат дека предлогот на премиерот Мицкоски оди на линија која и одговара на владејачката партија.

-Овој предлог, очигледно оди во прилог на владејачката партија, бидејќи дијаспората секогаш гласа за десничарските партии, но ќе видиме дали ќе биде општоприфатлив за сите останати. Веројатно, доколку пројде ваков нов изборен закон, најголема корист ќе имаат ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ како најсилни партии во дијаспората. Лично сум против дијаспората да гласа кај нас, бидејќи луѓе кои не живеат во државата, треба да одлучуваат за иднината на тие што живеат во државата, и покрај тоа што се наши државјани – ни изјави аналитичарот Благојче Атанасовски. (Б.Ѓ.)

Извор



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners