Демократски сојуз: ВМРО-ДПМНЕ манипулира со податоци од непресметлив свиркач

07.03.2022

Демократски сојуз: ВМРО-ДПМНЕ манипулира со податоци од непресметлив свиркач 

ВМРО-ДПМНЕ манипулира со податоци за вработени во ЈП „Градски Паркинг“ - Скопје, добиени од свиркач кој не е пресметлив и е класичен „клинички случај“, поради што сите податоци се намерно измешани и тендециозни, се со цел да ја дискредитираат партијата и нејзиното раководство.

Само за потсетување, никој од посочените не е вработен во последните четири години, ниту пак има или имало било какво влијание блискоста на вработените со раководството на партијата. Во јавното претпријатие се вработени без партиско влијание, таму меѓу себе се запознавале, се дружеле, некои од нив стапиле во брак итн.

Најголемиот број вработени се примени во периодот од 2005 до 2017 година кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт во Скопје, со свој градоначалник и мнозинство во Советот на Град Скопје. Загрижува и тоа што ВМРО-ДПМНЕ објавува неточни лични податоци и за лица кои немаат никаква поврзаност со партиите, ниту пак се јавни личности, за што ги повикуваме надлежните институции да реагираат.

Инаку, не сакаме да веруваме дека ова е алиби на ВМРО-ДПМНЕ за прогонот што се одвива спрема голем број од вработените во ЈП „Градски паркинг“ од актуелното вмровско раководство на претпријатието.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners