Демократски сојуз: Судиите да почнат да испорачуваат правда

19.7.2026

Демократски сојуз: Судиите да почнат да испорачуваат правда

Демократскиот сојуз, по повод најновиот Извештај на Европската Унија за состојбите во судството, оценува дека реформите во правосудниот систем мора да продолжат со засилено темпо, бидејќи независно, ефикасно и одговорно судство е клучен предуслов за владеење на правото и за напредокот на државата во процесот на европската интеграција.

Демократскиот сојуз се залага за ограничување на мандатот на судиите и нивен реизбор на секои седум години. Сегашниот доживотен мандат не обезбедува доволна одговорност, ниту пак ја зајакнува довербата на граѓаните во судскиот систем.
Исто така, ДС смета дека е неопходна промена на Уставот со која судиите ќе можат да подлежат на кривична одговорност за донесена судска одлука кога таа претставува резултат на злоупотреба на судиската функција, корупција или намерно кршење на законот. Независноста на судството не смее да биде злоупотребена како заштита од одговорност.

Во однос на финансирањето на судството, Демократски сојуз потсетува дека Македонија располага со ограничени буџетски средства. Платите и надоместоците на судиите треба да бидат во согласност со реалните можности на државниот буџет и со потребите за финансирање на другите важни јавни функции. Самостојниот судски буџет и независноста во финансирањето не значат оправдување за енормно високи плати, ниту за злоупотреба на прекувремена работа, дневници и различни бонуси.

Граѓаните очекуваат судството конечно да испорачува правда, а не арбитрарни условни казни за бизнис и политички моќници. Законот мора да важи еднакво за сите, а сторителите на тешки кривични дела и висока корупција да добиваат санкции што одговараат на тежината на делата.
Демократскиот сојуз очекува и Јавното обвинителство значително да ги засили истрагите, особено во предметите поврзани со високата корупција и организираниот криминал, и конечно да испорачува резултати што ќе ја вратат довербата на граѓаните во правосудниот систем.

Демократскиот сојуз останува доследен на ставот дека без темелни и храбри реформи во судството нема владеење на правото, нема успешна борба против корупцијата и нема вистински напредок на Македонија кон членство во Европската Унија.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners