Демократски сојуз: Македонскиот јазик е државен, протестите се политички мотивирани

8.4.2026

Демократски сојуз: Македонскиот јазик е државен, протестите се политички мотивирани

Демократски сојуз ги осудува политички мотивираните протести поради наводно ускратување на правото на употреба на мајчиниот јазик на студентите од албанската етничка заедница.

Демократската унија за интеграција прави груба злоупотреба на правото на користење на мајчиниот јазик при полагањето правосуден испит, кое во текот на своето долгогодишно владеење не најде за сходно да го регулира. Но, имаше коруптивни процеси при полагањето и политичко влијание, посебно на студенти блиски до партиите од власта.

Демократски сојуз потсетува дека македонскиот јазик е државен - службен јазик во Македонија. Се разбира, албанскиот јазик е исто така во службена употреба и етничките Албанци ги уживаат сите права според Уставот за негово користење.  ДС потсетува дека студентите, повеќето Албанци своите студии ги завршиле на мајчин албански јазик.

Но, во правосудството е од исклучителна важност, обвинителите, судиите и адвокатите,  да го владеат македонскиот јазик кој е лингва франка, заеднички јазик на разбирање на сите етнички заедници во Македонија. Дополнително, меѓународната пракса и препораките од Венецијанската комисија одат во прилог на употреба на еден заеднички јазик во правосудството и тоа на никаков начин не ги нарушува правата на другите етнички заедници.

Демократски сојуз ја охрабрува Владата да не подлегнува на политички притисоци и да истрае во пронаоѓањето решение за полагање правосуден испит кое ќе биде уставно, а нема да ги нарушува правата на етничките заедници, но исто така со иста тежина на испитот како и за другите студенти.

ДС истовремено потсетува дека на сите етнички заедници, вклучително и на Албанците, им е загарантирана одбраната на мајчин јазик во процесите пред судовите во Македонија.

Јазикот е средство за разбирање, а никако за конфронтација.

Без разлика на сѐ, во државната и локалната администрација мора да се знае македонскиот јазик, не нарушувајќи го правото на помалите етнички заедници да го негуваат и користат и својот мајчин јазик.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners