Демократскиот сојуз нема да гласа за техничка влада

20.01.2024

Демократскиот сојуз нема да гласа за техничка влада

Демократскиот сојуз нема да гласа за техничката влада, а смета дека ниту опозициската ВМРО-ДПМНЕ која согласно законот треба да номинира свои членови за технички министри во таа влада, нема обврска да гласа за неа, вели претседателот на партијата Павле Трајанов.

„Согласно Законот за Влада ВМРО-ДПМНЕ треба да партиципира со свои кандидати за министри за внатрешни работи и за труд и социјална работа и тројца заменици. На парламентарното мнозинство е, бидејќи презеле обврска, да избере техничка влада и технички премиер и прифатија тоа да биде Талат Џафери, за кој што има многу реакции и несогласувања. Парламентарното мнозинство треба да си обезбеди 61 пратеник и да изгласа техничката влада, не е обврска на другите партии, уште помалку на опозицијата задолжително да гласа. Дали ќе гласаат или не тоа ќе се види на самиот ден на гласањето“, вели Трајанов во гостувањето на Тема на денот на ТВ Сител.

Според него, станува збор за техничка, а не политичка влада, која има обврска да создаде основни предуслови за организирање на фер и демократски избори.

Тој го повтори ставот дека очекува да не се избере техничка влада, туку Владата во оставка да продолжи до крајот на својот мандат, односно до прогласување на изборните резултати. Тоа, како што вели, се заговарало веќе подолго време во СДСМ и да се префрли одговорноста на опозицијата, на ВМРО-ДПМНЕ, а ќе зависи од тоа, посочува тој, дали СДСМ и ДУИ ќе одат со заедничка листа или не на изборите.

Трајанов истакна дека ДС нема да гласа за техничката влада, бидејќи имаат сериозни забележи на однесувањето на Талат Џафери, затоа што, како што вели, не го почитувал Деловникот за работа на Собранието и блокирал законски проекти како измените на Изборниот законик за воведување една изборна единица, законот за борба против тешки облици на криминал и висока корупција.

Од ДС, кој пред речиси една година излезе од владеачката коалиција, според Трајанов, предлагаат  формираат еден поширок политички блок кој ќе обезбеди најмалку 61 пратеник, во кој би влегле сите партии кои нема да коалицираат со СДСМ и ДУИ, вклучувајќи ја и ВМРО-ДПМНЕ, а со цел да се разговара за коренити системски промени во државата.

„Пандан на овој блок (европскиот фронт) што го заговара СДСМ, мислам дека треба да има нов силен опозициски политички блок кој ќе обезбеди најмалку 61 пратеник. Но треба, пред се, да разговараме за програмските определби. Јас сум за тоа да се подготви нов Устав кој навистина ќе создаде услови и за демократски и за севкупен развој на Македонија. Вака со Бадентер, со балансер, со блокади на целокупниот систем мислам дека тешко ќе се движиме напред“, вели Трајанов.

Во однос на хаосот со издавањето на новите документи, одговорноста треба да понесе Владата и министроте за внатрешни и за надворешни работи, смета Трајанов, бидејќи, вели, имплементацијата на Договорот од Преспа е во надлежност на Владата, која навреме требала да се подготви за тој процес со изготвување стратегија.

 

Извор



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners