Димитровски: Ако Европа сака мир во својот двор, Македонија и Балканот не можат да се заобиколат инфраструктурно

27.4.2025

Димитровски: Ако Европа сака мир во својот двор, Македонија и Балканот не можат да се заобиколат инфраструктурно

Заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски денеска во Варшава учествуваше на конференција на иницијативата „Три мориња“ организирана од The Opportunity, Институт за надворешни работи од Полска.

- Македонија како и другите земји од Западен Балкан треба да станат дел од Иницијативата „Три мориња“, истакна Димитровски, како комплементарна интеграциска алатка за полноправно членство во ЕУ.

- Рутите на иницијативата „Три мориња“ од Балтикот до Јадранот, Медитеранот и Црното Море, минуваат токму низ земјите од Западен Балкан и Северна Македонија, преку коридорите 10 и 8.

Балканот и Македонија не може и не смее да се заобиколат доколку на Европската унија и е значајна безбедноста на континентот, зашто тие се во европскиот двор, а најдобриот начин за траен мир и во овој дел од регионот е силен економски развој кој не е можен без инвестиции во инфраструктурното поврзување, изградбата автопати, брзи пруги, гасоводи, енергетски и дигитални врски, рече Димитровски.

Иницијативата „Три мориња“ поврзува 13 земји членки на ЕУ од регионот на Балтикот, Јадранот и Црното море (Австрија, Унгарија Словенија, Хрватска, Полска, Чешка,  Словачка, Литванија, Естонија, Латвија, Романија, Бугарија, Грција) и партнерите САД, Германија и Јапонија и создадена е за да обезбеди посилни транспортни, комуникациски, енергетски и дигитални врски на земјите членки  со Западна Европа.

Партнери на иницијативата се и Украина и Молдавија, како и Албанија и Црна Гора. Самитот на шефови на држави или влади на иницијативата се одржува утре и задутре во Варшава.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners