Трајанов: Македонија е пред Албанија и Црна Гора со реформите, а да не зборуваме колку сме понапред од Молдавија и Украина

27.5.2026

Трајанов: Македонија е пред Албанија и Црна Гора со реформите, а да не зборуваме колку сме понапред од Молдавија и Украина

Лидерот на Демократски сојуз, Павле Трајанов, говорејќи за европскиот пат на Македонија, вели дека долго време се зборуваше дека патот до ЕУ води преку Охридскиот рамковен договор. Според него, Македонија е добро стратешки ориентирана и според сите параметри, ние сме најнапред со реформите, ако се споредиме со Албанија, Србија, Црна Гора, а, како што вели, да не зборуваме колку сме понапред од Молдавија и Украина.

-Имаме доста реформи, независно од тоа што граѓаните и не треба да бидат задоволни. Борба за подобар живот е секогаш и никогаш нема да бидат задоволни. Никаде во светот, граѓаните никогаш не биле сите задоволни од актуелните состојби. Генерално, добро движат реформите во Македонија. Проблем е што ние никогаш не изградивме стратешко партнерство со земјите кои што ги носат политичките одлуки дали ќе влеземе во ЕУ. Две држави се клучни – Франција и Германија. Клучно е да имаме некои од поголемите држави што ќе го забрза овој процес, рече Трајанов во емисијата „Само вистина“.

Тој потенцира дека „францускиот предлог е резултат на преговорите на ДУИ со Красимир Каракачанов и другите функционери од Бугарија и дека тој не е автентичен македонски предлог“.

Извор

Извор

Извор

partners partners partners partners partners partners