Пратеникот и лидер на ДС ќе предложи да се формира независна Агенција за борба против институционалниот криминал и високата корупција
Пратеникот и лидер на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов наскоро ќе предложи предлог-закон за формирање независна Агенција за борба против тешките облици на организиран криминал и висока корупција. За овој предлог, што тој повеќепати досега го спомнуваше во јавни настапи, веќе е подготвена нацрт-верзија. Смета дека со таков закон дефинитивно ќе се објави отворена и фронтална војна на институционалниот криминал и високата корупција.