За независна и самостојна Македонија беа Македонците и припадниците на националните малцинства

12.8.2026

За независна и самостојна Македонија беа Македонците и припадниците на националните малцинства

Во пресрет на одбележување на 35 години независна Македонија се разви полемика, партиски расправи и пресметки  за тоа, чија е заслугата или кој ги оспорува фактите на процесот на градење на современа македонска држава.

Гледано од денешна перспектива, во деведесеттите години актуелните водства на повеќето политички партии  имаа многу малку или воопшто немаа никакво влијание во процесите на осамостојување на државата.

Тешкиот пат и товарот на раздвојување на Македонија од Југославија го понесоа тие што не се сликаа на бината на Градскиот плоштад во Скопје, туку со стратегија, планови и оружје, успеаја да се спротивстават на ЈНА и да ги удрат темелите на државата.

Беше тешко да се борите против водство на државата кое дел беше да се остане со Србија, преку наводна скратена Југославија, а дел тајно работеше Македонија да се приклучи кон Бугарија.

Македонците заедно со сите други граѓани и покрај опструкциите на референдумот за независност, цврсто и јасно ја искажаа вековната определба за самостојна и независна Македонија.

Сакаме да им честитаме на сите граѓани, но и на сите полицајци, оперативци, старешини и водството на Министерството за внатрешни работи, како и на припадници на армијата, кои направија сѐ процесот на осамостојување да се одвива  брзо и  да се заврши со историски успех.

Во ова време, на Македонија очајнички ѝ треба единство, а не поделби.

Затоа повикуваме на натпревар со идеи и конкретни дела за современа европска  Македонија.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners