ВИДЕО | Трајанов: Големите партии ќе покажат колку се искрени кон пристапот за една изборна единица

09.03.2021

ВИДЕО | Трајанов: Големите партии ќе покажат колку се искрени кон пристапот за една изборна единица

Политичките партии во основа го поддржуваат предлогот Македонија да биде една изборна единица со што би се демонтирал еднопартискиот систем на владеење.

Предлагачи се повеќе политички партии и мислам дека расправата ќе покаже дали поголемите партии се искрени околу овој пристап да се направат коренити промени, реформи во изборниот законик. Очекувам поддршка иако има пратенички групи и партии кои се против ваквите измени.

-Доколку Македонија стане една изборна единица ќе го има најобјективниот пристап во кој што сите можат да имаат листи и сите гласови од целата држава ќе се собираат на едно место. Ниту една партија не губи од ова, и што е најважно парламентот прв пат после толку многу години ќе биде составен од повеќе партии кои ќе одлучуваат за круцијалните прашања, ќе има услови за системски промени кои ќе доведат Македонија да се движи напред, вели за Утрински брифинг пратеникот од Демократски сојуз, Павле Трајанов.

 

Извор: Слободен Печат



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners