ВИДЕО | Трајанов: Да се воведе една изборна единица, а изборите да бидат во редовен термин

29.03.2022

ВИДЕО | Трајанов: Да се воведе една изборна единица, а изборите да бидат во редовен термин

 

Предлогот за една изборна единица се провлекува веќе две години, а еден од предлагачите е Павле Трајанов, пратеник и претседател на Демократски сојуз.

-Ова е битно и за партиите но и за граѓаните оти така се отвора демократизација на државата. Ќе се вклучат повеќе субјекти кои ќе ја одразуваат волјата на граѓаните во застапеноста во Парламентот. Граѓански консензус има, сега се трудите да обезбедиме политички консензус. За оваа тема се разговара долго и граѓаните знаат за што станува збор, вели Трајанов за Утрински брифинг.

Трајанов вели дека стабилноста на Владата никогаш не зависи од унифицираноста на Парламентот, стабилноста зависи од политиките на Владата.

-Сега во моментов во Владата доминантни се политиките на ДУИ и Алтернатива, што не ја одразува волјата на граѓаните. Донтовиот модел што го применуваме не е добар оти ги задушува помалите партии и е во полза на големите партии. Малите партии ги има во парламентот, но нивната улога е маргинализирана, вели Трајанов.

Според него, можеби процесот на формирање влада ќе трае подолго, но кога ќе се воспостави платформа таа влада ќе биде стабилна. Трајанов вели дека ни СДСМ ни ВМРО-ДПМНЕ никогаш самостојно не излегле на избори туку како коалиции со помали партии.

-Ако големите партии сакаат да бидат власт ќе мора да прифатат предлози од помалите партии, смета Трајанов.

Во однос на етничката компонента, Трајанов вели дека партиите треба да бараат гласачи на целата територија од земјата и дека една изборна единица нема да влијае на етничката компонента.

Проследете го целиот разговор во видеото:

 

 



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners