(Видео-интервју) Павле Трајанов: Има сериозни индиции дека Бугарија стои зад бегството на Ива Михаилова

14.10.2026

(Видео-интервју) Павле Трајанов: Има сериозни индиции дека Бугарија стои зад бегството на Ива Михаилова

Некогашниот министер за внатрешни работи – Павле Трајанов е уверен дека зад бегството на Ива Михаилова од Кочанли стои Бугарија како држава. И, дека тоа е добро организирано и спроведено со намера да се реализира успешно.

„Последните информации зборуваат дека зад целиот овој случај стојат бугарските служби. Бугарија е директно вмешана и во подготовките и во нелегалното преминување на границата. Тоа е повеќе од јасно. Начинот на кој што беше пречекана Михаилова, со огромен број на медиуми и изјавите на тамошјиот државен врв, покажуваат дека целиот овој случај е добро организиран, подготвен и е во насока на провокација, повторна провокација од Бугарија кон Република Македонија“ вели Трајанов во видео-интервјуто за „Фокус“, и дополнува дека тоа ќе го покажат и дополнителните истраги што сега се водат.

Според него, тоа што министерот за внатрешни работи работи децидно побарал да се расчисти случајот е доволен показател дека нема договор меѓу владите на Македонија и Бугарија за нелегален транспорт на Михаилова. Службите за безбедност кај нас треба да дадат одговор точно како се се одвивало.

Уверува дека може да се најде трага, ако ништо друго по користењето на мобилниот телефон, по која ќе се лоцира каква била траекторијата на движењето на Михаилова и дали таа преминала на официјален или на див премин.

Извор



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners