Уставниот суд треба да е чувар на Уставот

15.03.2016

Уставниот суд треба да е чувар на Уставот

ФРОДЕМ, ДОМ  и Демократскиот сојуз ги повикуваат  судиите на Уставниот суд да одлучуваат согласно Уставот и да се држат до нивните надлежности. Уставниот суд треба да оценува дали законите и другите одлуки се во согласност со Уставот на Република Македонија и да ги штити основните слободи и права на граѓаните.

Апелираме до членовите на Уставниот суд да не прифаќаат било какви политички влијанија и притисоци,  бидејќи Уставот е јасен и измените во Законот за помилување, со кои на Претседателот не му се дава можност да помилува осудени лица за кривични дела против изборите и гласањето,а се во функција на обезбедување фер и регуларни избори и  правото да го уредува ова прашање го има Собранието на Република Македонија.

Сакаме да веруваме дека никој во оваа држава не е подготвен да помилува некој што ја “крши“ волјата на граѓаните, уште помалку можеме да очекуваме или да оправдаме помилување или аболиција на “криминалци“ кои ги кршат изборните правила.

Прифаќањето на иницијативата за преиспитување на  Законот за помилување во услови кога Специјалното јавно обвинителство води постапка за сторители на кривични дела сврзани со изборни нерегуларности, како и непосредно пред одржување на вонредни парламентарни избори, претставува манифестација на ароганција, флагрантно газење на слободите и правата на граѓаните, како и директно загрозување на уставниот поредок.

ДОМ, Демократскиот сојуз и ФРОДЕМ, протестите пред уставниот суд и било каде ги разбираме како демократски начин на искажување на незадоволство и порака до надлежните институции за работите да се менуваат во позитивна насока.

Демократски сојуз, ДОМ и ФРОДЕМ укажуваат дека за можната дестабилизација на државата, одговорност ќе сноси Уставниот суд  доколку донесе одлука спротивна на Уставот и општиот интерес и определба на граѓаните.                                                                                                    

Демократски сојуз        

ДОМ    

ФРОДЕМ



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners