Трајанов за Утрински Весник: Судскиот совет се претвори во инструмент за вршење притисок врз судиите

01.11.2013

Павле Трајанов за Утрински Весник: Судскиот совет се претвори во инструмент за вршење притисок врз судиите


Претседателот на ДС, пратеник во Парламентот на Република Македонија и поранешен Министер за внатршни работи, Павле Трајанов, за Утрински Весник ги опиша состојбите со судството во Република Македонија:

Судскиот совет се претвори во инструмент за вршење притисок врз судиите. Главен критериум при изборот на судиите е партиската и етничката припадност. На ист начин се избираат и обвинителите. Вака како што е конципиран Судскиот совет е подложен на политички влијанија и стана инструмент за дисциплинирање на судиите.

Ќе побарам од министерот за правда, Блерим Беџети, да се направи целосна анализа околу тоа дали со уставните измени за судството од 2005 година, кои доведоа до трансформација на Судскиот совет, е остварена целта - поголема самостојност и независност на судството. Сметам дека треба да се редефинира целиот систем околу начинот на избор, составот, но и надлежностите. 

Судскиот совет не реагира и околу многу битни прашања поврзани со судството. Имаме класично кршење на пресумпцијата на невиност. При сите поголеми случаи, МВР ги снима апсењата, а потоа им ги дава цедињата на медиумите. Се гази достоинството на граѓаните пред да се докаже во судска постапка дали некој бил виновен или не.

Притворот многу често се определува и долго трае. Сум разговарал со многу судии и тие ми кажуваат дека притворот се користи како форма на притисок за да се издејствуваат докази против осомничениот, а во други ситуации и како казна и притоа се бараат оправдувања оти тој процент е мал во споредба со останатите кривични дела. Но, тука зборуваме за потешки кривични дела, за кои нема доволно докази, а сепак по секоја цена се определува притвор. 

Прислушувањето телефони, станови, работни простории се користи како клучен доказ при донесувањето судски пресуди. Крајно е неприфатливо судските одлуки да се засноваат само на сознанија добиени од примената на посебни истражни мерки.

Како посебно интересно прашање, кое заслужува поширока дебата во стручните кругови се и институтите – заштитен и загрозен сведок.

Во соработка со МВР и обвинител, претходно се подготвува заштитен сведок. Во основа, тоа е класично поттикнување во вршење кривични дела, кое се користи како крунски доказ. Во сите покрупни случаи сега се користат заштитен и загрозен сведок, иако тие треба да се применуваат само за тешки кривични дела, како што се, на пример, тероризам, загрозување на националната безбедност... Неслучајно се користи заштитен сведок, кој не бил очевидец на настанот, туку слушнал од некој друг или му се кажува што треба да каже. 

Тоа е разработен систем за притисок врз судиите, кои плашејќи се од разрешување, се прифаќаат. Се случува во текот на истрагата и да не се користат резултатите од посебните истражни мерки, а потоа во текот на судењето обвинителот да инсистира токму на нив.

Од 1 декември ќе почне да се применува новиот Закон за кривична постапка, кога јавниот обвинител добива големи овластувања во делот на истрагата.

И досега обвинителот ја диктираше целата постапка и можеше се' да предложи (притвор, користење посебни истражни мерки...), но судијата беше тој што требаше да одлучи. Но, ретко кога судијата ги одбива нивните предлози. Целиот систем е дефектен и доколку некој судија одбие, веднаш ќе се активира постапката за негово разрешување, бидејќи ќе го одбијат дека наводно не бил принципиелен и потпаднал под нечии влијанија. Судиите се во исклучително тешка состојба, но допрва ќе се соочиме со големи проблеми.

Обвинителството, практично, ќе се слее со полицијата, бидејќи ќе ги користи нивните услуги за прибавување докази во истражна постапка. Дај боже да грешам, но се плашам дека ќе се вратиме многу години назад, како во времето на ОЗНА“. Сметам дека обвинителите не се подготвени за новата улога.

Целиот текст прочитајте го на овој линк.

Извор: Утрински Весник



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners