Трајанов за ТВ Нова: Разговараме со повеќе политички партии за формирање на трет политички блок

14.09.2016

Трајанов за ТВ Нова: Разговараме со повеќе политички партии за формирање на трет политички блок

Лидерот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов најавува формирање на нов политички блок. Тој во интервју во вестите на ТВ Нова посочи дека демократскиот сојуз со уште две граѓански организации формира коалиција за промена и правда. Ваквиот политички потег Трајанов го смета за јадро за укрупнување на сите политички партии кои сметаат дека е потребен трет и силен политички блок.

„Подготвуваме програма што ќе биде препознатлива. Ќе направиме системски промени, одговорноста да биде голема за носителите на функциите, да одговара секој кој го прекршил уставот“, истакна Трајанов.

Тој додаде пред се мора да се направат промени и да се создадат еднакви шанси за сите граѓани.

„Разговараме со повеќе политички партии кои појавија интерес да се вклучат. Тука се ВМРО Народна, преговараме со Обединети за Македонија, Достоинство, ДОМ, но и други кои сметаат дека е потребна трета сила. Отворени сме за соработка. Над 60 проценти од граѓаните не сакаат да гласаат за коалициите предводени од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, а тоа се граѓаните кои бараат трета опција“, смета Трајанов.

Лидерот на Демократскиот сојуз смета дека овој подвиг е  одговор на граѓанскиот предизвик.

„Власта ќе се најде во тешка состојба, ќе се отворат два фронта со кои ќе треба да се справува. Сепак, ние ветуваме позитивна изборна кампања, нема да водиме ниска кампања. Нема да навлегуваме во дискредитација на нашите политички противници“, истакна Трајанов во интервјуто.

Трајанов додава дека системските промени ќе ги изградат со добра програма за промени, правда, прогрес и резултати, а како приоритети ги посочи младите, односно намалувањето на одливот на мозоци, како и поставување на нови критериуми за вработување преку неколку мерки. Меѓу нивните приритети, како што посочи Трајанов, ќе биде воведувањето на минимална плата 300 евра, но и намалување на буџетот и бројот на вработени во администрацијата, како и бројот на министри.

„Нема потреба од тоа да имаме министерство, агенција и плус регулаторно тело, а сето тоа е на трошок на оние кои се директно вклучени во производството“, смета Трајанов.

Извор: ТВ Нова



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners