Трајанов за Дневник: македонците не се интересни бидејќи немаат тероризам

12.06.2013

Трајанов за Дневник: Македонците не се интересни затоа што немаат тероризам

Од утврдување на точната локација преку глобален позициски систем (ГПС) до читање на секој збор отчукан на компјутерска тастатура, прислушување преку микрофонот на мобилниот телефон и видеонадзор преку камерата на домашниот компјутер, „големиот брат“ денес го има светот на дланка, велат експерти по приказната на британски „Гардијан“ дека американската Агенција за национална безбедност (НСА) само во март годинава пресретнала 97 милијарди дигитални податоци за телефонски повици и разменети електронски пораки во цел свет. Со современите системи за „шпионирање“ с` може да се дознае во детали, вели Павле Трајанов, поранешен министер за внатрешни работи, а моќните држави прибираат огромен број информации.

- Сите видови отворени комуникации се предмет на интерес на странски служби. Некои од поразвиените држави, како Велика Британија, Франција, Русија, Германија, САД, имаат можност да ги следат комуникациите, преку нив да собираат информации, пред с` за заштита на своите интереси и за заштита од тероризам, тешки облици на организиран криминал... Но, така собираат и друг вид информации, од воена природа, економска, политичка, во суштина собираат информации за сопствена заштита, но и за да може да се влијае врз насочувањето на процесите – вели Трајанов.

„Гардијан“ објави дека НСА следела комуникации во сите балкански земји, а најмногу во Kосово и во Босна и Херцеговина, додека Македонија била на листата, но не како приоритет. Причината за тоа е што од аспект на тероризмот, Македонија е мирна земја, што не ја исклучува опцијата дека од неа се прибираат политички и друг вид податоци интересни за големите сили.

- Во принцип, многу малку информации во која било држава остануваат тајни. Денес с` може да се собере преку отворените извори на информации - интернет, портали, весници, телевизии... Има малку заштитени информации. Светот е отворен и многу е тешко да се зачуваат информациите – оценува Трајанов.

Податоците што не можат да се дознаат од јавно достапните информации многу лесно се добиваат со современата технологија. Речиси секоја тајна служба денес може многу лесно да ги прислушува мобилните телефони и да ја утврди точната локација на секој апарат. Неколку земји, како САД и Британија, имаат софтверски можности да го вклучат микрофонот на кој било мобилен телефон во кое било време. Дури и за обработка на вака добиените податоци не се потребни оперативци – компјутерски софтвер бара клучни зборови во комуникацијата. Kамерите за видеонадзор на јавни места во некои земји се вмрежуваат во единствен систем за надзор кој, дополнет со биометриски податоци, може да следи чие било движење. Слични технички можности имаат системи во САД и во Британија, а Kина во смоментов работи на проектот „Златен штит“, преку кој очекува да добие видеозапис за секој од своите 1,3 милијарда жители. На финале во американски фудбал во Тампа, Флорида, во 2001 година преку систем за видеонадзор биле скенирани сите посетители во обид да се најдат потенцијални терористи. Во процесот биле откриени 19 лица за кои биле распишани потерници. Во арсеналот за следење спаѓаат и термални камери за снимање преку ѕидови со послаба изолација, насочени микрофони, уреди за далечинско снимање податоци преку електромагнетните зрачења на компјутери...

- Со современите системи с` може да се дознае во детали, ако си конкретен предмет на обработка. Од следење на движењето преку ГПС и мобилен телефон, прислушување преку мобилен, слушање во затворени простории, видеоснимање... Му се дава пренагласено значење на системот за прислушување затоа што денес информациите се достапни, во суштина нема заштита – вели Трајанов.

Но проблем се нивната селекција, обработка и користење, односно дали земјата или службата има капацитет да ги собере, обработи, селектира и стави во функција. Малите земји, освен Израел, немаат такви капацитети.

Според Трајанов, тоа не значи дека сите треба да бидеме параноични.

- Едно се техничките можности, а друго е да се обработуваат податоците. Не треба да се плашиме од глобално следење. Многу од податоците што се собираат со глобалното следење се неупотребливи, немаат разузнавачка вредност и не се обработуваат. Ние, како држава, имаме технички можности за собирање многу податоци, но најголемиот дел од нив се неупотребливи од тој аспект, така што глобално од тој аспект никој не е загрозен – истакнува Трајанов.

Игор K. Илиевски

 

Преземено од Дневник
 



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners