Трајанов за Цивил: МВР е центар за манипулации и кршење на изборните правила!

19.07.2016

Трајанов за Цивил: МВР е центар за манипулации и кршење на изборните правила!

„Ако се ограничат надлежностите на министерот за внатрешни работи, ќе се повтори сценариото од претходните избори!“, вели во разговорот за  ЦИВИЛ Медиа, ексминистерот за внатрешни работи Павле Трајанов, со кого разговаравме за позицијата на првиот човек во МВР, неговата улога во исполнување на условите за фер и демократски избори, и зошто околу ова прашање не може да се постигне консензус… Според него, се работи за „трикови на ВМРО–ДПМНЕ  пред јавноста, за да се пролонгираат изборите, затоа што очигледно анкетите не им одговараат. Сега, сакаат да пролонгираат,  да земат 650 милиони евра, да ги наменат за предизборна корупција…“

„Мојот став е дека министерот за внатрешни работи треба да ги има сите надлежности, исто како и сите други министри, со цел капацитет. Бидејќи извршува особено исклучителна важна функција, и има многу надлежности околу изборите, не може да се предвидуваат ограничувања. Треба да има можност да го формира својот тим, да предложи директори на двете служби – за контраразузнавање и на Бирото за јавна безбедност, и на сите раководни позиции за кои смета дека треба да има промени. МВР е гарант за кредибилни избори, околу прочистувањето на Избирачкиот список, спречувањето на можни нереди на самиот ден на изборите, околу превентивното делување да нема корупција, злоупотреба на државните институции и на државните средства… Се ова на еден или друг начин го контролира МВР“, смета Трајанов.

На прашањето, зошто партиите не можат да се договорат за оваа позиција во преодната влада, Трајанов одговори:

„Власта бара да има ограничување на надлежностите, затоа што, како што слушнавме од снимените разговори од Гордана Јанкуловска,  МВР е центар за манипулации и кршење на изборни правила! Тоа покажува дека имаат намера да го повторат тоа сценарио од претходните избори. Од тие причини, бараат на самиот ден после изборите, министерот за внатрешни работи да поднесе оставка. Министерот треба да биде сменет кога ќе се константира нова влада, затоа што изборите не завршуваат на денот на гласањето. Кога ќе се конституира парламентот, ќе се формира Влада, се дотогаш оваа преодна влада ќе ја извршува функцијата,  ќе биде влада во оставка. Но, тоа се трикови на ВМРО–ДПМНЕ  пред јавноста за да се пролонгираат изборите, затоа што очигледно анкетите не им одговараат. Сега, сакаат да пролонгираат,  да земат 650 милиони евра, да ги наменат за предизборна корупција… Сакаат колку можат подолго да останат на власт “, заклучува Трајанов.

Извор: ЦИВИЛ



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners