Трајанов се сретна со Хајндл

20.05.2016

Трајанов се сретна со Хајндл

Претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, денес во попладневните часови имаше средба со Јоханес Хајндл.

На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба во Македонија, како и за можните решенија за излез од кризата.

Трајанов ја искажал загриженоста за политичката криза, која предолго трае и за потребата од деблокада на реформските процеси неопходни за создавање на услови за избори, како и деблокада на евроатланските процеси.

Во насока на стабилизација на состојбата, Трајанов, како можни решенија ги предложил:

1. Да се формира експертска Влада, каде мандатарот ќе има поддршка да предложи Влада од експерти и без партиски багаж.

Посебно е битно министерот за внатрешни да биде врвен професионалец и резистентен на политички влијанија и да може раководниот тим да го состави самостојно.Ова е битно поради борбата против криминалот и соработката со СЈО. Инаку во Владата треба да се вклучат и предлози кои ќе доаѓаат  од сите  релевантни партии и граѓанскиот сектор.Новиот состав на Владата да биде избран до крајот на овој месец (мај).

2. Владата да има обврска да спроведе длабоки реформи во:

-правосудниот систем преку рекомпонирање на Судскиот совет и ревизија и реизбор на сите судии и обвинители.

-реформи на безбедносниот систем преку издвојување на УБК од МВР и укинување на полициските овластувања.

-реформи во медиумите и во тој процес да бидат вклучени новинарите.Во овој правец предлагаме департизирано раководство на МРТВ и отворање на овој јавен сервис за граѓаните и објективно и избалансирано информирање.

Да престане манипулативната провладина кампања.

-јакнење на капацитетите на институциите и администрацијата, преку нивна деполитизација и департизација.

3. Реформи на изборните правила, преку целосна професионализација на Државната изборна комисија, предвидување одговорност за кршење на изборните правила, електронско гласање, развиен систем за контрола на гласачите преку папиларни линии сл.Пропорционален изборен модел, но Македонија да биде една изборна единица, како основа за демонтажа на еднопартискиот систем.

4. Создавање услови СЈО непречено да работи, формирање на  посебно судско одделение кое ќе постапува по предметите на СЈО.Во оваа насока да се предвиди одговорност (кривична) за сите кои нема да соработуваат со СЈО.

5. Да продолжат постапките против сите кои ги аболираше Ѓорге  Иванов, преку повлекување на аболицијата и мораториум на нивното политичко дејствување и извршување на државни функции.

6. По спроведување на реформите и создавање на услови за фер, демократски и кредибилни избори, да се одржат избори.

7. Доколку започне имплементација на реформите и стабилизација на државата да се направи се што е неопходно Македонија да добие покана за членство во НАТО и започнат преговорите за влез во ЕУ.

8. Целокупниот преговарачки процес да биде транспарентен и во него да се вклучат сите релевантни партии, како и граѓанскиот сектор и медиумите.

Демократски сојуз очекува политичките партии во најкус рок да постигнат договор кој пред се ќе ги има во предвид националните и државните интереси на Република Македонија.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners