Трајанов: Промовираме нова политичка сила, подготвена за промени

22.04.2021

Трајанов: Промовираме нова политичка сила, подготвена за промени

Врз основа на анализите и досегашната соработка со другите партии, кај повеќето општински организации преовладува ставот за самостоен настап на изборите, но се и за соработка со партии со сродна определба и програми, вели за Фокус лидерот на Демократски сојуз Павле Трајанов, откако вчера објавивме дека ДС постигнал начелен договор со ЛДП и ДОМ за заеднички настап на локалните избори.

-Отворени сме за соработка со ЛДП и ДОМ, како и со други партии, поединци успешни во своите професии почитувани во средините каде што работат и живеат и со висок интегритет – изјави Трајанов, посочувајќи дека, согласно јавниот повик, кандидатите за градоначалници треба до крајот на август да подготват изборни програми во консултација со граѓаните, невладиниот сектор, анализите на експертите, како и анализите во медиумите.

Тој додава дека овој процес на кандидатура на градоначалници ќе биде транспарентен и, како што истакнува, ќе се потпира врз сондажа на мислењето на граѓаните.

-Во суштина, промовираме формираме нова политичка сила, подготвена за промени, борба против урбаната мафија, создавање на еколошка здрава средина и економски развој на локалните единици. Имаме огромна поддршка за пресврт во политичкото дејствување и пораз на погубните политики, како и афирмација на националните и стратешките интереси на државата – истакнува Трајанов.

Како што објави Фокус, оваа тројна коалиција во најава планира да настапи со заеднички советнички листи, но и со заеднички кандидати за градоначалници во многу општини низ државата, со цел да биде алтернатива на СДСМ и ВМРО, но и на Левица.

 

Извор: Фокус



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners