Трајанов: Македонија треба да бара од Белград информации за обидот на атентатот врз Киро Глигоров

13.11.2026

Трајанов: Македонија треба да бара од Белград информации за обидот на атентатот врз Киро Глигоров

Македонија треба официјално да побара од Белград документи и информации од безбедносните архиви за обидот за атентат врз поранешниот претседател Киро Глигоров, смета поранешниот министер за внатрешни работи Павле Трајанов кој е сегашен национален координатор за спречување насилен екстремизам и борба против тероризам. Тој за „Слободен печат“ открива дека и самиот, по убиството на поранешниот српски премиер Зоран Ѓинѓиќ, во периодот кога се спроведувала операцијата „Сабја“, барал информации за атентатот, но македонските институции тогаш добиле одговор дека во Белград нема такви податоци.

Трајанов вели дека архивите на поранешната југословенска безбедносна служба можеби содржат информации што би помогнале во расветлувањето на атентатот, поради што смета дека барањето треба повторно да се актуализира.

– Апсолутно поддржувам да се побара. Но, тоа треба официјално да се побара, да се почека уште малку да се формира новата влада. Треба да се направи едно заедничко барање и една институција да биде водечка, може да биде Министерство за надворешни работи, Министерство за правда, Министерство за внатрешни работи, може Владата. Битно е да се прецизира што точно ќе се бара и да се упати такво барање, но битно е да се почека да се формира новата влада. Може, ако има политичка волја, да дадат податоци, ако не друго, во делот што се однесува за наши државјани, бидејќи сојузната УДБА водела обработка за наши Македонци мигранти. Правеле и тие безбедносни проверки за некои амбасадори – трговски претставници. Таа беше централизирана служба, имаше и во државите, но таа имаше изворни надлежности согласно Законот за работата на Службата за државна безбедност. Верувам дека голем дел од досиејата и информациите се архивирани и се чуваат. Имаше некое микрофилмување, трајно чување. Најлесно може да кажат дека се уништени, но може и да дадат. Сепак, треба да бараме, а што ќе добиеме, ќе видиме – вели Трајанов.

Ова прашање се актуализираше по падот Александар Вучиќ во Србија и најавите на новата власт кај северниот сосед, предводена од Студентската листа, за отворање на тајните досиеја и спроведувањето на лустрација како еден од нивните приоритети. Ваква можност најави и премиерот Христијан Мицкоски, но тој ова, засега, го нарече само „добра идеја“.

Извор



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners