Трајанов: Македонија е блиску до вонредна состојба

14.04.2016

Трајанов: Македонија е блиску до вонредна состојба

 

Со оваа одлука за аболиција претседателот Ѓорге Иванов практично го разора целокупниот правен поредок во земјава и ја загрози перспективата и иднината на Република Македонија, рече на денешната прес конференција лидерот на Демократскиот сојуз (ДС) Павле Трајанов.

Тој најави и дека до Собранието ќе биде доставена иницијатива за свикување вонредна седница на која ќе се донесе одлука за поништување на одлуката за распуштање на Собранието и ќе се започне постапка за испитување на одговорноста на Иванов. За оваа иницијатива веќе се собрани потписи од 37 пратеници што е повеќе од минимум потребно согласно собранискиот деловник и Уставот.

- Иванов фрли канта бензин врз огнот што гореше во земјава и на тој начин ја вовлекоа земјава во целосен хаос и блискост до вонредна сосотјба - рече Трајанов.

Денеска тој иницирал до претседателот на Собранието да свика вонредна седница на која ќе се разговара за две точки.

- Прво да се суспендира одлуката за распуштање на Собранието за тоа да почне да работи со целосен капацитет и второ да отпочне постапка за одговорност на Иванов поради основани сомненија дека го крши уставот на РМ со одлуката за аболиција на политичарите. Со оваа одлука Иванов ги издвои политичарите од сите други граѓани затоа што повеќе од јасно е дека со ова законите не важат за политичарите, туку само за обичните граѓани. Мислам дека со тоа не ги почитува законите и Уставот туку прави селекција, едни закони да важат за политичарите, а други за граѓаните – истакна претседателот на ДС.

Тој ги повика пратениците да дојдат во парламентот и да почнат расправа за овие две точки.

- Ги повикувам граѓаните на масовни и мирни протести да не се судираат со полицијата и меѓу себе и да протестираат се додека Иванов не ја повлече одлуката за аболиција и не поднесе оставка – рече Трајанов.

Тој информира дека во Парламентот има уште една иницијатива досега потпишана од 37 пратеници за свикување вонредна седница и отпочнување постапка за утврдување на одговорност на претседателот Иванов.

Извор: Плус инфо



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners