Трајанов бара парламентарна расправа за Пржино

21.01.2016

Трајанов бара парламентарна расправа за Пржино

Денес (21.01.2016 година), Павле Трајанов, пратеник и претседател на Демократски сојуз, достави барање до Собранието на Република Македонија да одржи седница на која ќе се расправа за имплементацијата на Договорот од Пржино (2 јуни - 15 јули 2015 година).

Со Договорот од Пржино се предвидени обврски кои треба да се спроведат во одредени рокови, како и бројни суштински и коренити реформи неопходни за одржување на слободни, демократски, фер и кредибилни избори.

Имплементацијата на овој Договор е битен предуслов за создавање на еднакви можности и шанси за сите учесници на изборите.

Во Договорот не е јасно предвидено кој треба да врши мониторинг на неговата имплементација и кој треба да оцени дали истиот се спроведува во неговата суштина, поради што сметам дека само преку парламентарна и јавна дебата, може да се  изградат и донесат оценки и заклучоци дали Договорот се спроведува, на кој проблеми се наидува при неговото спроведување, дали и кој го опструира неговото спроведување и да се утврди одговорноста на тие што го кочат процесот на неговото спроведување.

Анализата за спроведување на Договорот е круцијална за учество на партиите на претстојните вонредни парламентарни избори, кои се закажани за 24 април 2016 година.

Со цел Парламентот да има целосни и објективни информации и податоци за имплементација на Договорот, предлагам, Господнине Претседател на Собранието, по консултација со сите партии застапени во Парламентот, денес да закажете седница на која ќе се донесе Одлука за формирање на работна група која ќе подготви Извештај за имплементација на Договорот од Пржино и најдоцна до 20 февруари 2016 година истиот да го достави до Собранието на Република Македонија.

Работната група предлагам да биде составена од: тројца пратеници предложени од партиите кои го сочинуваат мнозинството, тројца од партиите од опозицијата и еден независен пратеник, кој воедно предлагам да биде и претседател на работната група.

Во работата на работната група да се вклучи (без право на глас) и еден претставник од невладината организација „МОСТ“ и еден од новинарските здруженија.

По добивање на Извештајот, предлагам Парламентот да одржи седница, на која ќе расправа по Извештајот и ќе донесе Одлука дали се исполнети условите за одржување на предвремени парламентарни избори на 24 април 2016 година или истите треба да се одложат се додека не се исполнат обврските и приоритетите содржани во Договорот од Пржино.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners