РОБУСНА БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА

29.01.2021

ДЕМОКРAТСКИ СОЈУЗ: РОБУСНА БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА

 

Демократскиот сојуз ја повикува Владата сериозно да го земе предвид фактот дека Македонија стагнира во борбата против корупцијата и назадува во рангирањето според Индексот на Транспаренси интернешнел за перцепција на корупцијата за 2020 година, каде што падна на 111 место од 180 земји.

Наместо да се бараат причини и изговори за ова најниско рангирање во досегашните мерења на перцепцијата на корупцијата од страна на реномираната меѓународна организација Транспаренси интернешнел, Владата треба да отпочне решителна борба против корупцијата која го разјадува нашето општество, почнувајќи од највисоките политички кругови, Владата, министерствата, државните агенции, јавните претпријатија, судовите, обвинителствата, па се до најниските ешалони на власта.

Ставот на граѓаните дека Македонија назадува во борбата против корупцијата е важен сигнал дека состојбата е алармантна, поради што борбата против корупцијата и организираниот криминал не смее да остане само декларативна заложба.

Демократскиот сојуз ја потсетува Владата дека во својата политичка програма и особено во програмата за декриминализација - ДЕКРИ има предвидено низа мерки и активности за борба против организираниот криминал и корупцијата, за правна држава и независно, одговорно и професионално судство и ја охрабрува Владата да преземе одлучни чекори во оваа насока.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners